Здраво дечки! Имам едно прашање што можеби на некој од Вас би му текнало што би бил проблемот...
Поточно, во последно време приметувам влечење на колата надесно (не многу, но сепак се приметува) и тоа поконкретно при возење во град. На отворено не приметувам многу.
До сега имам променето бандажи (челични, проверени и центирани комплетно), релативно нови гуми (возени една година Hankook Prime 3), променети делови на предница како стабилизатори, горни јабучици и после се, направено е центирање на возилото 2 пати, бидејки со првото центирање не се реши проблемот.
Повторно го има моментот на влечење надесно за кое не би можел да откријам што е проблемот, ниту пак на сервис каде што сум ја однел можеле да откријат.
Сметам дека се работи за крива гума, бидејки со зимските гуми (Hankook icept RS2) не го приметувам влечењето или пак е минимално и не ми смета при возење.
Замолувам за мислење...
Благодарам.