Здраво дечки,
Имам проблем со автоматскиот менувач на мојата Opel Vectra C караван (2008 година, 1.9 CDTI). Менувачот е 6-степениот AF40-6.
Проблемот е следниот: многу грубо удира и трза при шалтање исклучиво од 2-ра во 3-та брзина.
Малку истражував на Google и AI и сите информации укажуваат на тоа дека ова е класична мана на овој менувач и дека проблемот лежи во хидроблокот (valve body). Поточно дека соленоидите или самите канали се истрошени и губат притисок кога маслото ќе се стоплело.
Е сега, бидејќи јас не сум механичар и не сакам да носам заклучоци само од интернет, сакам да се консултирам и со вас:
- Дали мислите дека е хидроблокот?
- Дали има смисла да пробам само со промена на масло во мењачот (го променив пред некои 8000 км, немаше промена)
- Или ќе бидат џабе фрлени пари?
Препорака за мајстор во Скопје? Кој е моментално најдоверлив сервис што реално се разбира од овие автоматици, за да направи асална дијагностика и евентуална репарација/промена на хидроблокот?
Како се движат цените за репарација во моментов?
Сакам колава да ми опстане уште некое време, брод е и за било каква работа е одлична, не би сакал да ми експлодира мењачот

Секој совет или споделено искуство е добредојдено. Фала ви однапред!