Порастот за 10,5% во периодот од јануари до март, најавува нова рекордна година за брендот. „Фолксваген“ патнички возила во првите три месеци од годината забележа голем раст. Продадени се 1,36 милиони возила (лани во истиот период - 1,23 милиони). Брендот постави уште еден рекорд, испорачувајќи 536.600 возила во март (во март 2011 година - 468.100), што е зголемување за 14,6%. Значи за првпат, во еден месец, на клиентите им се испорачани над половина милион возила.
Значителен раст е забележан во Северна Америка и Азија. И покрај сегашната состојба на пазарите во Јужна Европа, „Фолксваген“ патнички возила ги зголеми испораките во првиот квартал на целокупниот европски пазар со 441.800 испорачани возила (420.400 лани), што е зголемување за 5,1%. Во Западна Европа (со исклучок на Германија) се испорачани 232.600 возила (во 2011 - 241.600), што е пад за 3,7%. Во Централна и Источна Европа е забележан пораст за 61,8% (60.200 возила споредено со 37.200 возила лани).
Трендот на пораст продолжува и на рускиот пазар. Продадени се 35.800 возила (во 2011 - 16.800, што е порас од 113,1%). На домашниот пазар во Германија, испорачани се 149.000 возила (во 2011 година 141.500), што е пораст од 5,3%. Во регионот Азија/Пацифик, брендот испорачал 13,7% повеќе возила во првиот квартал или 540.600 возила (во 2011 година - 475.500). Во истиот период, 483.400 возила (2011 година - 429.500) се испорачани во Кина, вклучувајќи го и Хонг Конг, што е зголемување за 12,5%.
Во првиот квартал испораките се зголемиле и на американскиот пазар. „Фолксваген“ патнички возила ги зголемил испораките во Северна Америка за 27,6 проценти или 135.700 возила (во 2011 - 106.300), од што 94.400 модели биле продадени на новите клиенти во САД. Во Јужна Америка, испораките се зголемени за 3,9 % или 190.400 возила (во 2011 - 183.300)
http://visokioktani.mk/mk/articles/aktuelno/ushte-edna-rekordna-godina-za-folksvagen