Синдикатот на „Шкода“ најави штрајк и бара зголемување на платите Вработените во најголемата чешка индустрија за автомобили, „Шкода Ауто" најавија штрајк поради несогласување околу зголемувањето на платите, јави дописникот на МИА од Прага.
Работниците на фабриката која последниве години бележи рекорден профит се незадоволни од понудениот пораст на платите за 4,3 проценти и бара зголемување пропорционално со резултатите на фирмата.
Според годишниот извештај, соопштен од раководството пред извесно веме, претпријатието изминатата година остварило рекордна продажба на автомобили и двојно зголемен профит.
„Шкода“ има 25.800 вработени, чија просечна плата изнесува околу 1.380 евра. Просечниот личен доход на работниците од овој сектор е 1.097 евра.
пс: мислам дека ни требаше една оваква тема бидејќи за вести од овој тип нема ништо соодветно.