Зипо, сеуште не разбирам зошто толку си се фатил за тоа од АутоМотоСвијет и ВрелеГуме, и уште поважно, зошто би очекувал Карклуб да известува за тест на некој трет магазин, кој што (барем според некои мои објективни гледања) е апсолутно невалиден.
1. Смениле кугла - Во ред. Дали кажува каде и како е возено возилото, по какви патишта и какви дупки? Не. Дали ако ти го опнеш Фокусот во некоја дупка и ради тоа смениш лагер, амортизер или што и да е, тоа значи дека Фокусот е неквалитетен?
2. Смениле турбина заради некаков прекидач на wastegate кој цркнал. На самиот линк што толку упорно го форсираш од форумот некој имаше напишано дека конкретниот проблем со тој дел е решен и дека сега дозволуваат промена само на тој дел наместо на цела турбина. Дали тоа значи дека Голфот е неквалитетен?
Треба да паѓаме во несвест за секоја прича за рикната турбина (или дел од турбина)?
Ми го цитираш муабетот што сум го правел за Опел - зошто? Што од тој муабет е необјективен?
Downsizing е сосем нормален тренд во автомобилската историја. Имаше некој на ВрелеГуме форумот спомнато - до пред 10 години беше сосем нормално од 1.9 литарски TDI да се добиваат 65 коњски сили, па тоа порасна на 90, па на 110 па на 150 - повеќе од дупло коњски сили по литар, ама моторите немаат гајле.
Еве сега има 1.6 TDI со 105 коњски сили. Дали 1.6 TDI (или 1.5 турбодизелот на Рено со 105 коњски сили, или колку и да беше) е пооптеретен од 1.9 со 150?
Да, постојат некакви граници, ама нити јас, нити ти нити било кој друг на форумов реално знае кои се тие и колку еден мотор може да се намали а до каде може да се оди со вадењето сила. Ако може Mitsubishi од 2.0 литарски турбо-бензинец да извади 300 коњски сили (Lancer EVO X), зошто да не може Ford да извади 120 од 1.0-литарски турбо бензинец?
Како и секоја друга технологија, и малолитражните турбо мотори ќе си легнат на брашно.