Брат ми вози 147-ца, 140кс мултиџет, така да, тука ми е, у при рука.
1.6 ts моторот со 105кс e солиден, си брка работа, поготово со плинче. Иако е twin spark мотор, за одржување нешто поефтин е од другите мотори (1.6 120 и 2.0 150кс).
При купување обратни внимание на општата состојба на внатрешноста, тапацири, пластики и остали работи, и на подвозјето. Ако колата при возење бара многу корекции со воланот по нашиве патишта и делува како да е „насекаде“, тогаш подвозјето треба да се оправа. Понекое крцкање и цвикање е помал проблем.
Секако види колку пати е фарбана пред да ја купиш и дали структурно е одвалена у некоја хаварија
Моторот треба да си влече рамномерно во секоја брзина од 2000 па се до 6000 вртежи, без чудни звуци од мотор и менувач.
Колата треба да вози стабилно и да делува стегнато, ако е се добро на неа. Барај прмерок со што помалку пројдени километри.