Зипо, иако се „само“ триста кубика, разликите се доста големи, со малку поусовршени процеси се прави доста поекономичен и полесен мотор. Ај да не зборам за швабите, ќе зборам за Fiat/Alfa дизелите. Со новото Bravо, извадија нови 1.6 jtdм мотори со 105 и 120 кс, како замена за 8 вентилските 1.9 мотори. Јас секогаш би го избрал 1.6 16v jtdm наспрам 1.9 8v со иста снага.. Сега во Giulietta-ta се се` такви даунсајз модели
1.6 дизели 1.4 и 1.8 бензинци - нема бегање
Знаеш, тоа ти е како да споредуваш некој обичен Н/А бензинец 2.0 од пред 20 години со 115кс, и сегашен бензинец 1.6 со отприлика толку или повеќе кс. Нови времиња, нови технологии, само кај турбо машиниве иде малку побрзо тоа... Замисли, новиот мерц 1.6 турбо бензинец, има 147кс и обртен момент од 250nm и тоа од 1250 до 4000 вртежи! Зарем мерцедес ќе направи даунсајз мотор а да не води сметка за издржливоста?
Мислиш дека на овој мотор му фали нешто (gutts) во однос на 2.0 моторот што е кај брат ти во 155-ката, да не кажам кај мене во 166-ката, пошто 166-ката е сумо борач спрема 155-ката на брат ти
Новата B класа со овој даунсајзиран 1.6 е кај мене дома, ау не да не му фали ништо, има и повеќе
Во некоја друга тема кажав, и да повторам пак, инженерите предвидуваат релиабилити до 250.000 или 300.000км (обично во тестни услови, не во реални), речиси за сите модерни возила. Они рачунаат дека ти ќе го смениш аутото после макс. 5 години, и дека ќе купиш ново. Ги боли патка дали некој во МК после ќе го увезе тоа и ќе си крши глава дали треба ремонт да прави или не.
1.6 tdi само ти изгледа дека се мачи, има порамномерен обртен момент во однос на 1.9тди, кој добива ефект на клоца во г`с таму кај 1700 па до 3300-400 вртежи, а посел тоа умира.. 1.6 тди нема таков "kick", туку од 1.200-300 влече рамномерно до 4000 круга, а провери ги меѓузабрзувањата, ќе те изненади 1.6
Downsizing-от е добар, и со години наназад е докажано тоа
За VW 1.4 biturbo моторот не знам многу, не го коментирам. Има 1.4 мултиер со 170кс во giulietta, ако сакаш за тој за збориме