Автор Тема: DOWNSIZING  (Прочитано 17569 пати)

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
DOWNSIZING
« на: 20 Март 2012, 21:02:39 pm »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 22:26:23 pm zippo »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: DOWNSIZING
« Одговори #1 на: 20 Март 2012, 21:38:51 pm »
Многу интересно. Се вклопува со мојата претстава за иднината на моторите и автомобилската индустрија.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: DOWNSIZING
« Одговори #2 на: 21 Март 2012, 08:45:59 am »
Downsizing е неизбежна мерка со цел да се преживее. Некои тоа го направија по сопствена иницијативка (Ford), а некои мораше некој од страна да им го наметне тоа (GM). Некои одамна ја сфатија позитивната страна на развивање на модуларна платформа која ќе дозволи на неа да бидат направени колку што е можно повеќе модели (VW) но заради тоа се соочуваат со критики, иако можеби непотребни и неоправдани.

Во секој случај, малку ми е чудна и неприродна алијансата помеѓу GM и PSA, но времето ќе покаже дали ќе биде успешна. Во Секој случај и едните и другите добиваат во ваква алијанса, само да не биде приказната иста како со Daimler-Chrysler.

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: DOWNSIZING
« Одговори #3 на: 21 Март 2012, 11:21:16 am »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 22:26:43 pm zippo »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: DOWNSIZING
« Одговори #4 на: 21 Март 2012, 11:40:36 am »
Јас мислам дека констатацијата ти е на место. Премногу форсиран мотор не може да помине многу километри, односно зависно од режимот на возење, дали ќе се оптеретува претежно малку или многу.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14240
  • Пудингот на шоферството
Одг: DOWNSIZING
« Одговори #5 на: 21 Март 2012, 13:39:11 pm »
Абе разбирам дека се големи трошоците,ама дека им се толку големи па да се приморани да произведуваат 10 различни модели на една платформа е то неможи да помини.И да развијат 10 платформи ке имаат ќар,само тогаш би бил помал...
Downsizing-от е убава работа ама да не е претерана,убаво е да има 1.2 1.4 турбо мотор во класа Б(градски возила),компакти од 1.6мотор па нагоре,средна класа 1.8 па нагоре и така натаму...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: DOWNSIZING
« Одговори #6 на: 21 Март 2012, 13:43:42 pm »
Дали е за ќар? А тоа што Голфот 6 е најефтиниот голф досега? :) До 5ката важеше дека Голфот е најдобар ама е скап, сега веќе не е скап - а е уште подобар од 5ката. А со следната генерација планираат да ја спуштат цената на Голфот уште илјади надолу, за да го убацат хибридот по пристапна цена под 20.000 евра. :) Се си има техника. А користење на модуларна платформа нема негативна страна, освен што добрваш поефтина кола. :)

Неуспехот ан хибридите се должеше на нивната релативно висока потрошувачка и висока цена... но со ТДИ хибрид... Ајде има време, ќе видиме. Поготово во комбинација со 1.2 ТДи и 30кс електричар под хауба. Мх, мх, мх!!! 100кс со 3Л/100км во град.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Одг: DOWNSIZING
« Одговори #7 на: 21 Март 2012, 13:53:05 pm »
Јас мислам дека констатацијата ти е на место. Премногу форсиран мотор не може да помине многу километри, односно зависно од режимот на возење, дали ќе се оптеретува претежно малку или многу.
ако моторите ги проектираат за толкава коњажа тогаш нема да имаат проблем

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: DOWNSIZING
« Одговори #8 на: 21 Март 2012, 13:56:55 pm »
Нема да имаат проблем да поминат 200.000 ама ќе имаат проблем за 300.000. Тоа е муабетот. Границата на издржливост само ќе ја симнуваат надоле и надоле. После горивото и маслото ќе бидат криви, или пак возачот.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: DOWNSIZING
« Одговори #9 на: 21 Март 2012, 14:01:53 pm »
Една многу важна разлика што ја забораваме е дека помина времето кога возилата се дизајнираа за да поминат 500.000 км. Умреа тие времиња пред 15 години. Сега возилата се дизајнираат за да траат 150-200.000 км. Како иначе ќе преживеат производителите ако сите имаме возила со по 500.000 км без ниакви проблеми. :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14240
  • Пудингот на шоферството
Одг: DOWNSIZING
« Одговори #10 на: 21 Март 2012, 14:04:23 pm »
Дени поевтино не значи подобро,освен кога се работи за VW,јасно мие :D
Зеро,како преживуваа пред 15 години компаниите,а зошто не би можеле и понатаму да опстануваат...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: DOWNSIZING
« Одговори #11 на: 21 Март 2012, 14:05:40 pm »
За една иста работа поефтино е секако подобро. :) И кога е било која добра марка во прашање.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: DOWNSIZING
« Одговори #12 на: 21 Март 2012, 14:23:57 pm »
Дени поевтино не значи подобро,освен кога се работи за VW,јасно мие :D
Зеро,како преживуваа пред 15 години компаниите,а зошто не би можеле и понатаму да опстануваат...

Добро де, малку карикирав. Меѓутоа, на крајот на денот се сведува на успешно балансирање на легислативата со тоа што на купувачите навистина им треба или го сакаат. Самите ние знаеме колку брендови за малку ќе пропаднеа ако не улетаа поголемите играчи да ги купат, или ако не ги купеше некој тотално неповрзан со автомобилската индустрија.

Мислите дека Bentley ќе постоеше денес ако не улеташе Volkswagen? Или дека ќе постоеше Rolls Royce ако не улеташе BMW во приказната? Што ќе се случеше со Land Rover и Jaguar? За жал скоро и да не постојат веќе мали независни производители кои нудат нешто уникатно (како на пример Pagani), а сето тоа е резултат на економијата, и уште побтино, на economy of scale.

Јас пак ќе се навратам на Opel - во моментов имаат два автомобили кои ги вадат од тотална пропаст (Falanga in 3.. 2.. 1..) - a тоа се Insignia и Astra, и тоа повеќе Insignia отколку Astra. Корсата е добар играч, но бледнее во споредба со конкуренцијата, а да не праиме муабет за промашените “експерименти“ као Signum и компанија. Дали некој од вас би купил Meriva (иако, верувајте ми, одлично возило е) или Antara? Thought so.

Дали поефтиното е подобро е ствар на дискусија и на реално согледување на работите. Џони Смит од 5th Gear имаше еден многу добар коментар кога го тестираше Голфот - вика „Everything is just quieter and better, but somehow cheaper. I'm not sure how they've done it, maybe they've put egg boxes in the doors, but it just works." - a на крајот на краиштата, токму тоа е битното - финалната перцепција на купувачот.

Ниеден, ама ниеден купувач (реално) не го интересира колку неговото возило загадува. Го интересира колку троши, колку брзо оди, колку добро кочи, итн. Ама сите нас не боли Цветко за тоа колку нашето возило загадува. А да не беше горивото скапо (со тенденција на поскапување) немаше Цветко да не боли ни колку возилата ни трошат. Да не станеа горивата скапи, и да не реагираа луѓето, нит производителите ќе инвестираа во технологии за намалување потрошувачка, нит бутур.

Намалување на капацитетот на моторите е сосема логичен чекор во (да кажам) еволуцијата на моторите. Со оглед на цената на горивото, ако можам да додадам турбо полнач, да го намалам капацитетот на моторот (да речеме од 2.0 на 1.4 литри), да ја намалам потрошувачката а да ја одржам истата моќност, сосема е логично да го направам тоа. Ако моторот издржи 200.000 километри - уште подобро. Земјите кои се реални потрошувачи на возила (рецимо, западна Европа) не размислуваат како нас - они размислуваат да возат едно возило 2 години и после тоа да го сменат, а не како нас - да ми трае возилото 20 години. И токму кон нив се ориентира целата автомобилска индустрија. Во Германија се продаваат не-знам-колку-милиони возила годишно. Сигурно они не ги возат возилата по 20 години - ги возат 2 години и после тоа ги менуваат/продаваат и купуваат нови.

Во Македонија лани се продадоа 6.000 возила (и со зборови - шест илјади возила). Мислите дека на производителите им се исплати да размишљаат како да направат возила за нас, или за земјите како нас? Ги боли уво за нас.

Затоа моторите како 1.4 TSI и соодветните варијанти на другите производители се супер - наменети се за земји како Германија, каде што не се ни очекува од колата да трае повеќе од 2-3-5 години. За кај нас треба некој Мерцедес со 2.8 литра дизел со 90 коња, да трае 2.000.000 километри.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: DOWNSIZING
« Одговори #13 на: 21 Март 2012, 14:37:26 pm »
Јас пак ќе се навратам на Opel - во моментов имаат два автомобили кои ги вадат од тотална пропаст (Falanga in 3.. 2.. 1..) - a тоа се Insignia и Astra




Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14240
  • Пудингот на шоферството
Одг: DOWNSIZING
« Одговори #14 на: 21 Март 2012, 14:42:50 pm »
Бентли,Ролс Ројс се малосериски производители кои продаваат по едвај 5-6-7000 примероци од своите возила,можеби не продаваат ни толку,додека другите компании како БМВ,VW,Рено,Пежо,Опел,продаваат над 1.000.000 возила,така да сосем различен е ризикот од банкрот и сл.
Тоа што ние сме умрен и неатрактивен пазар е апсолутно точно.
Тоа што некој реков воопшто не мие меродавно(не само за VW,туку и за било кој друг бренд),користењето на поевтин материјал неможи во никој случај да е подобро,па како сака нека биди скоцкано...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D