За жал, полека но сигурно треба да почнат да се одбегнуваат некои од јавните здравствени установи - ако не за сè, тогаш барем за некои процедури.
Конкретно - земање крв и правење крвна слика. Да се направи тоа во државна болница е процедура која сигурно би траела неколку часа и би се изгубил најмалку еден работен ден. Истата процедура (со упат и доплата од цели 175 денари) ја завршив во Авицена за нецели 10 минути, а резултатите ми беа достапни преку интернет во текот на денот, без да треба да одам таму пак во гужва за да си ги земам.
Пази, во Авицена имаат направено игротека за ако одиш со детенце. Бевме да правиме крвни слики на клинциве, на приемно најавија дека има дојдено деца.
Дојде сестра облечена во шарен мантил (балони, мики/мини), за рака и во игротека. Ги анимираше и ги боцна без да осетат. На крај им даде балон и чоколоатце. Не знаев дали сум во Холандија или Македонија.
Децава ме прашуваат кога ќе одиме пак да се боцкаме пошто веќе им се издишале балоните.
Секоја чест!
За споредба, кога се боцкавме во Јане Сандански, кабриолет го направивме од дерење. Џабе и мазење и пазење и лажење.