Одиме со нова опрема. Министерството за здравство, Владата на РМ и јебем ли га уште кој, а и не ме ни занима, инвестираат во нова опрема во здравството. Дај боже да се набават уште 50 овакви апарати за дијагностика.
Денеска однесен а веќе уште од утре или задутре ке се започне со монтажа на нов апарат за компјутеризирана томографија во Здравствен Дом - Јане Сандански, населба Аеродром.
Се работи за ново 16 слајсно CT, Siemens.
Со оваа инвестиција се растеретува здравството, односно пациентите побрзо ке можат да закажуваат снимање со компјутеризиран томограф. Нека им е честито и со среќа.
Инаку информацијава оди промотивно и ексклузивно на форумов

Премиерот ке го отвара незнам кога, коа ке биде готов.
Растоварање на пакетот со гентрито:

Компјутерот изгледа овака со транспортните тркала


Пациентската маса:

Кога ке го измонтираме, ке ви пуштам слики, да видите како изгледа германска софистицирана опрема монтирана од македонски инженери во македонска околина
