Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1472392 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43929
  • Il Moderatore
Искрено се радувам за вас, а ние што не ја знаеме лично (односно јас), ќе и` порачам да не ја засенува професионалноста со вакви изјави.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Како што веќе кажав, демократско општество не се гради во 5 до 12.

Баш затоа не треба да си гаиме илузии дека живееме во такво.

Баш така. Затоа треба бурно да се реагира и на најмалите индикации дека смрди окулу некоја работа од која може да има глобални последици (ГМО на пример за исхрана). Затоа треба некој да докаже дека ГМО е безбедно за маовна и глобална исхрана, а не во 5 до 12 после да се докажуваме кој и во кој момент згрешил. Затоа технолошкиот напредок треба да биде базиран на наука а не на капитализам и политика.

Цитат
Д-р Софијанова: Молитвите можат да помогнат

- Се израдував од тоа што се случи со малата Лора и јас верувам дека нејзините и молитвите на родителите ~ помогнале во излекувањето. Јас сум верник и верувам во тоа дека молитвите до Господ можат да помогнат. Ние како лекари правиме с` што може медицината да даде, но има и нешто што е необјасниво. Kога луѓето имаат верба на тој начин само уште повеќе можат да помогнат, таму каде што медицината веќе не може. Се сеќавам и на случајот со малиот Јован Kолоски, кој четири години беше во кома од која се разбудил по молитвата што ја правела мајката - ни рече д-р Аспазија Софијанова, директорка на Детската клиника.

Верник и доктор/научник не одат заедно. Но, кога научникот зборува за нештата кои науката СЕУШТЕ не успеала да ги објасни, кретенски е да го нарекуваш верник во некакво си bожество (богови има десетици различни, но демек само еден е вистинскиот. Очигледно некој живее во fairytale сиот свој живот). Затоа не им успева Ајнштајн да го прикажат како верник.

Дали треба да бидеме чесни и со издржани аргументи да се обидуваме да направиме промени, или треба да тргнеме по секоја цена да ги оствариме целите и притоа да се изгубиме себеси по тој пат, како и сите до сега кои тргнале по истиот?

Знаеш како велат: Difficult times require drastic measures.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Баш така. Затоа треба бурно да се реагира и на најмалите индикации дека смрди окулу некоја работа од која може да има глобални последици (ГМО на пример за исхрана).

За ГМО нема такви индикации, освен во фалични истражувања отфлрени од научната заедница, а објавувани на налудничави малоумни параноја сајтови наменети за полуписмени.

Затоа треба некој да докаже дека ГМО е безбедно за маовна и глобална исхрана, а не во 5 до 12 после да се докажуваме кој и во кој момент згрешил.

Абе пак ли со ова бизарно барање да се докаже непостоење на нешто?!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
За ГМО нема такви индикации, освен во фалични истражувања отфлрени од научната заедница, а објавувани на налудничави малоумни параноја сајтови наменети за полуписмени.

Леле леле, расфрлање со термити ;D
Многу проширени реченици склапаш, не можам да ги дочитам не поа да ги разберам :D

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Дали треба да бидеме чесни и со издржани аргументи да се обидуваме да направиме промени, или треба да тргнеме по секоја цена да ги оствариме целите и притоа да се изгубиме себеси по тој пат, како и сите до сега кои тргнале по истиот?

Знаеш како велат: Difficult times require drastic measures.

Не знам дали те разбрав добро. Би водел нечесна кампања, базирана на лаги, потајно тешејќи си се со мислите „ова е за доброто на сите“?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Не сум сигурен дали ти го разбрав прашањето. Сметам дека е погрешно поставено, односно одговорот на прашањето не е битен, битна е мојата реакција
.
Како прво никогаш не би водел кампања која не е за доброто на сите или одредена група. Следствено на тоа, ниту една кампања не би била базирана на лаги (односно измислици, лага е релативен поим), затоа што тогаш би била пропаганда а не кампања. И трето, кампања во која не верувам до коска секако не би водел, така да нема што да се тешам.
Не знам што е тоа нечесна кампања, немаш дефинирано. Башка прашањето ти е поставено со голема доза на субјективизам. Затоа што „нечесна“ кампања за некого би била чесна, за некого не. Башка работа дали е базирана на лаги или не. Кои лаги? За кого лаги? Кој тоа вика дека нешто е лага? Се е тоа релативна работа.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Затоа што „нечесна“ кампања за некого би била чесна, за некого не. Башка работа дали е базирана на лаги или не. Кои лаги? За кого лаги? Кој тоа вика дека нешто е лага? Се е тоа релативна работа.

Јас сум свесен дека оние кои се противат на вакцините, навистина веруваат дека истите се штетни. Тоа не ја оправдува нивната кампања. Зошто? Затоа што е базирана на лага.

Не е важно колку ти се чесни целите. Кога делувањето го базираш на лоши информации, предизвикуваш повеќе штета одколку корист. За да имаш демократско општество, прво народот треба да е добро информиран.


Сеуште не ми е јасно што сакаше да кажеш со ова:
„Знаеш како велат: Difficult times require drastic measures.“

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Сеуште не ми е јасно што сакаше да кажеш со ова:
„Знаеш како велат: Difficult times require drastic measures.“

Ако знае да објасни на јасен начин, без двосмислени зборови и преносни значенија - ќе му дадам 1000 денари.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43929
  • Il Moderatore

Ако знае да објасни на јасен начин, без двосмислени зборови и преносни значенија - ќе му дадам 1000 денари.
Мизерија.Ја ќе го частам кафана во вредност од повеќе од 1000 денари, ако не ти одговори на постов, пошто кај звучи омаловажувачки спрема соговорникот, уште има и прајс таг омаловажувањето, што го прави уште помизерно.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Нема што да се објаснува. Тоа е поговорка, не е нешто јас што сум го измислил. Го измислиле уште во 16-ти век. http://en.wiktionary.org/wiki/desperate_times_call_for_desperate_measures

Во конкретниов случај тоа значи дека страните кои се во некој судир соодветно ќе реагираат зависно од сериозноста на ситуацијата. На пример, не го носиш детето на вакцина и добиваш потсетување по пошта. Го игнорираш потсетувањето добиваш повик од матичниот лекар со потсетување. Го игнорираш и тоа добиваш казна. Ја игнорираш и казната и не знам што понатаму добиваш.

Исто е е со кампањите кои ги спомнувате. Прво се  почнува со твитери, фејсбуци, па со јавни медиуми, па со протести, па со граѓанска војна, зависно од тоа која од спротиставените страни во каква ситуација се наоѓа и зависно од тоа колку очајно сака да ги постигне целите. Или па од аспект на државата, прво се служи со разни манипулации на податоците, па со смислени лаги и сценарија, па со заплашувања, па со затварања, па со атентати, па на крај со војска и полиција.

И нормално, и двете страни сметаат дека се во право, или пак имаат спротиставени интереси и затоа има судири. Без оглед дали нечија кампања е базирана на лага.
А што правиме кога две спротиставени кампањи се базирани на лаги?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Не беше прашањето „што е тоа“ (поговорка) ниту „од кога потекнува“ (од тогаш и таму), туку прашањето беше што ти конкретно сакаш да кажеш со неа.

Понатамошниот текст на никој начин не допира ни приближно до колоквијалното значение на поговорката која сам ја употреби, туку се расприкажа за социјалните дихотомии. Така да ништо од иљадарчето.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Целта не ми беше 1000-чето пошто и така знам дека само тролаш.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Целта не ми беше 1000-чето пошто и така знам дека само тролаш.

Очигледно, целта не ти беше ни да те разберат што точно сакаш да кажеш. Налет иљадарчето, ова е посериозно.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Здравје, медицински установи, опрема и &
« Одговори #1514 на: 06 Мај 2015, 12:28:16 pm »
Многу јасно си кажа човекот. Само некој друг никако да го добие оној одговор што „философското„ резонирање му вели дека треба го добие (за да го постави следното ступидно прашање). Како шаховски натпревар со некој што размислува само еден потег однапред (и измислува свои правила на игра).
И така до бескрај во офтопик.