Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1471896 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Лоша е паралелата вакцини со возење.
Сосема е легално и профатливо, да си невозач и да се возиш со јавен превоз.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Сосема е легално и прифатливо да се преселиш во Амазонска џунгла

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Здравје, медицински установи, опрема и &
« Одговори #1457 на: 04 Мај 2015, 16:44:59 pm »

... или да се фрлиш од највисоката зграда во градот (препорачаната опција, ем легално - ем може ќе ќариш и некоја Дарвинова награда).

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
жал ми е што така сваќаш... но не си во право... мое право е дали ке возам 200 или 40 на партизанска... ако ме фатат ке ми пишат казна и повторно мое право е да бирам дали ка платам, ке зимам бодови или на суд ке идам...

Еве го клучниот дел. Ти си „слободен“ да правиш што сакаш, но општеството поставува механизми за да те натера да се однесуваш онака како што во моментот се смета дека е добро за заедницата.
Ете така! Тие механизми фалат за вакцините. На пример забрана за запишување во школо (и приватно и државно, најстроги проверки поготово на приватните) забрана за излез од државата и слични „благодети“.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
А ако знаеш дека вакцините се неподобни?

Сакаш да го вакцинираш детето, ама имаш солидни и веродостојни информации дека вакцините кои се носат кај нас, не се добри. И сеа?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
... и сеа ти си поддржувач на теориите за заговор, ти немаш поима, си необразован и си простак.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
А ако знаеш дека вакцините се неподобни?

Сакаш да го вакцинираш детето, ама имаш солидни и веродостојни информации дека вакцините кои се носат кај нас, не се добри. И сеа?

Има огромна разлика помеѓу не се најдобрите што постојат и се неподобни.

Во секој случај твоја граѓанска должност е да реагираш и да вршиш јавен притисок за подобрување на состојбата. Тој притисок, секогаш треба да се врши со солидни и веродостојни информации. (пр. вакцината повеќе не е на листата на препорачани според СЗО, затоа што веќе одамна има подобра).

Со лаги само се крева непотребна паника и тоа има контра-ефект. Дури и да се издејствува промена, многу од родителите кои биле подложни на типичната анти-ваксерска кампања полна со лаги и измислици, ќе одбијат да го вакцинираат детето со најмодерните вакцини кога ќе им станат достапни.


http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/padot-na-psevdonaukata
Цитат
Во изминативе години, здравото живеење стана статусно обележје кон кое се стремат Американците. Луксузна продавница за здрава храна прерасна во џиновски синџир на супермаркети. Има дизајнерска облека за на јога. Одбивањето да се вакцинира детето или да се јаде глутен, станаа начин во исто време да се покаже дека човек е од висока класа, и да се пренесе пораката за етичка посветеност кон здраво живеење. И целта на ова не беше да бидеш сноб кон семејствата кои консумираат 'џус' пијалаци. Целта беше да можеш да 'ццц-каш' околу нивниот избор додека пиеш сок од 8 долари заблажен со агавае и ладно исцеден кој доаѓа во шише без БПА. 'Здравото' живеење стана поврзано со повисоката класа, а со тоа и со гламур. Псевдонауката прифатена од богатите - група која исто така има супериорен пристап до здрав живот, како соодветна здравствена заштита, безбедни места за вежбање, и.тн. - сега почна да му се промовира на остатокот од населението

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
А ако знаеш дека вакцините се неподобни?

Сакаш да го вакцинираш детето, ама имаш солидни и веродостојни информации дека вакцините кои се носат кај нас, не се добри. И сеа?

Има огромна разлика помеѓу не се најдобрите што постојат и се неподобни.

Во секој случај твоја граѓанска должност е да реагираш и да вршиш јавен притисок за подобрување на состојбата. Тој притисок, секогаш треба да се врши со солидни и веродостојни информации. (пр. вакцината повеќе не е на листата на препорачани според СЗО, затоа што веќе одамна има подобра).

Со лаги само се крева непотребна паника и тоа има контра-ефект. Дури и да се издејствува промена, многу од родителите кои биле подложни на типичната анти-ваксерска кампања полна со лаги и измислици, ќе одбијат да го вакцинираат детето со најмодерните вакцини кога ќе им станат достапни.

Аха... А во случај кога ни јавен притисок, ни бутур не се рецка 2%, и се тера свој филм (бидна јавен притисок за Тамара, испаднаа родителите криви)? И дури и кога ќе пробаш со јавен притисок, ќе бидеш означен како дебил/кретен/идиот/верувач во теории на заговор? Што тогаш?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Хаха, ете тоа е тоа цитирање на замислени соговорници. Покажи им Василе! (на американските популисти на псевдонауката)

Патем, нели е ова дефетизам и смешно лесно препознатлива пропаганда: „Дури и да се издејствува промена, многу од родителите кои биле подложни на типичната анти-ваксерска кампања полна со лаги и измислици, ќе одбијат да го вакцинираат детето со најмодерните вакцини кога ќе им станат достапни.
Пораката е јасна, да не се ни обидувате да влијаете на корумпираниот систем:  За добри свињи, нема лоша помија.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20142
Денес бев на баење во Градска, прилично добро баеше тој ама мислам дека не ми е решен проблемот сепак.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10989
  • 430i
жал ми е што така сваќаш... но не си во право... мое право е дали ке возам 200 или 40 на партизанска... ако ме фатат ке ми пишат казна и повторно мое право е да бирам дали ка платам, ке зимам бодови или на суд ке идам...

Еве го клучниот дел. Ти си „слободен“ да правиш што сакаш, но општеството поставува механизми за да те натера да се однесуваш онака како што во моментот се смета дека е добро за заедницата.
Ете така! Тие механизми фалат за вакцините. На пример забрана за запишување во школо (и приватно и државно, најстроги проверки поготово на приватните) забрана за излез од државата и слични „благодети“.

Се воведуваат полека механизмите.
Не можеш да зимаш социјална помош или за 3-то, 4-то доколку не приложиш картонче со евиденција за вакцини.
Еве сега нема да може во прво оделение да се запише детето ако нема историја на вакцинација.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
А ако знаеш дека вакцините се неподобни?

Сакаш да го вакцинираш детето, ама имаш солидни и веродостојни информации дека вакцините кои се носат кај нас, не се добри. И сеа?

Ќе си ги набавиш од некоја од околните земји, па ако треба ќе прошеташ и малку подалеку. Плус, многу е важно потеклото на муабетот за тоа дали некои вакцини се добри или не.

Во денешно време на интернет и достапност на информации, лесно е да се провери дали некоја вакцина е неподобна или не - како што рече Васил, тука ти е СЗО, можеш да провериш дали таа вакцина сè уште се користи или е заменета со нова.

Edit:

Повторно ќе се навратам на одличната и корисна мапа на outbreaks на спречливи болести на глобално ниво од 2008-ма па наваму. Не е премногу долг периодот, ама мапата е одлична за отварање очи.

http://www.cfr.org/interactives/GH_Vaccine_Map/

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Океј, ќе земеш од околните земји и? Кај ќе најдеш доктор тука што ќе ја администрира вакцината и ќе се потпише дека ја ставил? Или ќе треба детето да го малтретираш по пат до некоја од околните земји, под претпоставка дека си нашол таму доктор да ја стави?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
Хм. Интересна точка за размислување - не ми текнало на тоа до сега. Дали и колку би смеел доктор да даде вакцина која е набавена од странство, и од друга страна - дали вакцинирањето во странство (со уредна пропратна документација) би се прифатило кај нас?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #1469 на: 04 Мај 2015, 20:00:42 pm »
Не, пишав и погоре. Немаш шанси