Eдааа... Стопанката бе, цело време за мене правите муабет - ад хоминем кокодакање и ич онтопик муабет на самата тема. Јас па мислев дека барем на ваква тема ќе се најдат неколку поразбрани луѓе - пошто ова со вакцините многу поедноставно е за разбирање од некои други теми (ГМО).
Чуден форум е ова, поголемиот дел од членовите малтене се плашат отворено да зборуваат од една мала група - гласна толпа од неколкумина што практично го линчуват секој што има различни мислења од нив. Класичен линч, со навредувања и редовни ад хоминем офтопици, и со целосно избегнување на дискусија за конкретните онтопик работи кои се покажуваат. Сето тоа со целосна подршка од модераторите, кои повремено и самите активно се приклучуваат на дотичната мала група...

Интересно е што навистина сметав дека ниеден нормален, писмен, едуциран, и просто човечки - човек... дека никој, ама баш никој - не би имал против работите што ги наведов:
поквалитетни ацелуларни вакцини за сите деца во Македонија.
Ама баш сум се излажал. Многу ниско е тоа, кога само заради комплекси на инфериорност, и неможност на прифаќање на неубавата реалност за нивото на сопственото знаење - се газат основните морални и етички вредности.
Нека ви е на чест.
И само да нагласам дека кога така жолчно разговарате за нивото на моето знаење, не е работата колку
јас знам - па јас впрочем и никогаш се немам фалено дека сум најпаметниот и наједуцираниот... Работата е во тоа што јас барем едно нешто со сигурност го знам -
знам колку не знам, и уште поважно (за вас)... јас знам колку вие
не знаете. А верувајте - нема полошо од тоа кога човек не знае, колку не знае.
-Прво треба фармацевтските компании кои ги резвиваат и произведуваат вакцините да банкротираат или во најмала рака нивните сопственици да не се милијардери. Само така нема да можат да влијаат на резултатите од тестирањата.
-Откако ќе се исполни овој услов, треба повторно да се извршат најтемелни што може на свет тестирања за безбедност, истите тестирања да поминат темелен peer-review, прво кај научната јавност, потоа кај Van и дури тогаш ќе можеме да ја прогласиме таа вакцина за безбедна.
Ќе заборавев, производството и дистрибуцијата на вакцините исто така мора да се врши со загуба. Никој не смее да заработува од процесот на имунизација. Тоа треба да биде чест и привилегија.
Во овој (неуспешен) обид за пародија доѓаш до еден можен правилен концепт за многу поуспешно здравство.
Што му фали на следново: државата да го земе под своја капа, производството на вакцините. Истите да се произведуваат по најголем можен квалитет, и да се наплаќаат од државните пари БЕЗ НИКАКОВ ПРОФИТ.
Државата со парите од даноците кои ги плаќаат граѓаните - да произведува квалитетни вакцини... за граѓаните. Наместо државата парите на граѓаните да ги дава како профит на газдите на приватната фармација (и со дел од тој профит да биде коруптирана самата власт).
Придобивки на ова решение: квалитетни ацелуларни вакцни за сите деца, целосна контрола на квалитетот на вакцините и избегнување на можноста за махинации и малверзции при производството заради заштеда и поглем профит, потоа - нови вработувања во државната фармација. What's not to like?
Ете ви од мене, онтопик тапшање наспроти вашите офтопик вреѓања. Ај сега продужете си со препукување, ад хоминен оговарање, и општо - со офтопици (со амин на модераторите кои на една друга тема самите заклучија дека баш заради такви постојани офопик муабети - квалитетот на дискусиите иде у три лепе).
