Се кладам дека можеш уште стотици постови да напишеш, и во ниеден од нив да не објасниш каква штета би имал ОП да се обиде со ваква назална иригација.
1. финансиска. Истата работа ќе ја заврши и со шишенце аквамарис.
2. медицинска. Додека он мака мачи со синуси, ти му нудиш решение за плакнење нос. Па така, одложувајќи го непотребно третманот на синусите и заменувајќи го со плакнење нос, непотребно го зголемува ризикот за секундарни инфекции.
http://altmedicine.about.com/cs/allergiesasthma/a/SinusIrrigation.htmPeople with acute sinus infections should avoid this procedure.
Има томе акутен синуситис? Не знаеме. Треба да иде на лекар да му кажат, ПРЕД да почне да брца све и свашта у носот. Ало.
веке (повеке) членови ти објаснија како иде работата со книгите во медицина...
А-у? Како нешто толку интересно сум пропуштил? Каде тоа ми објасниле... и тоа повеќе членови? Јас се сеќавам само на едно прашање кое ми го постави зеро, на кое му одговорив (виде?). Дај леба ти пушти линк од тие објаснувања, горам од желба да ги прочитам. Или и ти ко Ван, кога ќе дојде моментот за праќање конкретни линкови и цитати - цврц - наместо линкови ќе почнеш да пушташ лични квалификации и/или сличиња, гифчиња итн?
а и самите сме сведоци на многу успешни терапии и зафати на човечкото тело кои НЕ СЕ ИЗУЧУВААТ во ниедна модерна медицина на балканов па и пошироко...
Не, не сме сведоци. Ако не веруваш, кажи еден пример на успешни терапии и зафати кои не се изучуваат во ниедна модерна медицина на балканов па и пошироко. Ама, пази, ќе треба некако да ја разликуваш од плацебо. И баба ми се колнеше во космодиск, а нема везе.