Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1473432 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43931
  • Il Moderatore
Јас не го ни отворив, ама знам дека циметот е одличен!
update: Стигнавме до моментот кога рече дека ќе понуди нешто за купување. Уште не разбирам што нуди... Чудо некое...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43931
  • Il Moderatore
Јас не го ни отворив, ама знам дека циметот е одличен!
update: Стигнавме до моментот кога рече дека ќе понуди нешто за купување. Уште не разбирам што нуди... Чудо некое...
Аха, доброо стигнав до крајот. За тие што не се замараа да го изгледаат ова. Чоекот нуди 5 книги и едно CD за 31 евро, од кои едната книга е кувар за колачи.

https://www.rebelmouse.com/diabetesmiraclecurereviews/

прочитајте ги Consumer Alerts Regarding Diabetes Miracle Cure



Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29794
    • CARclub.mk
Познати ми се работите околу дијабетисот, имам доста блиски кои го имаат. Ова го споделив бидејќи бројот на дијабетичари се зголемува и старосните граници паѓаат. Па читав и сакав да слушнам мислења и како се снаоѓаат луѓето со оваа болест. Некако не можам да се помирам дека е неизлечиво, па читам доста и глупости по нет.

Секогаш кога ќе сретнеш вакво нешто или слично, третман, некоја маС, иљач, магнетни плочки шокурзнам појаси некои, чаеви, имунитет јачало дијабетис лечело природен баланс воспоставувало пичке си материне... постави си ги овие 2 прашања:

1. Дали се изучува на медицинските факултети? Го пишуе ли у тоа дебелине книги?
2. Зошто не?

И само ќе ти се каже.

Филип.. А пеницилин секогаш го имало во дебелине книги?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Секогаш кога ќе сретнеш вакво нешто или слично, третман, некоја маС, иљач, магнетни плочки шокурзнам појаси некои, чаеви, имунитет јачало дијабетис лечело природен баланс воспоставувало пичке си материне... постави си ги овие 2 прашања:

1. Дали се изучува на медицинските факултети? Го пишуе ли у тоа дебелине книги?
2. Зошто не?

И само ќе ти се каже.

Другар студира на медицински факултет. Пред некое време имале предавања од американски доктори на кое им било презентирано дека во америка докторите откриле дека во белите дробови имало 2-3 вида на бактерии кои сосема нормално си живееле без да предизвикаат болести.
Пошто јас не се разбирам премногу во медицината, другаров вика дека во бели дробови, во тие дебели книги што и ти ги спомнуваш, пишува дека во нив не смее да има бактерии.
А сега овие доагаат, викаат сме направиле анализи, ова она, утврдуваме дека и во бели дробови живеат бактерии. Значи доагаме до заклучок дека тоа што го пишувало во книгите за бели дробови и што доста студенти тука завршиле по тие книги, учеле погрешно.

Што сакам да ти кажам. Сакам да ти кажам дека немора се да пишува во книгите па за да биде точно. Затоа треба да има научници и доктори кои постојано ке истражуваат за да откриваат дали некоја работа што дотогаш сметаш дека е бескорисна, всушност е многу корисна.
На нашето тело има најмалку 10 пати повеќе бактерии од што има клетки.
Самите наши клетки, како и сите други клетки се збир на архаични бактерии кои почнале да живеат во симбиоза едни со други и формирале обвивка околу својот дом. Наједноставна и една од последните бактерии кои влегле во склоп на самата клетка е митиохондријата која ја имаме во активните клетки на животните. Така се формирала самата клетка. Сега веќе митохондријата е дел од животинските клетки. Секаде имаме бактерии на нашето тело, и тоа не 2-3 вида, туку милиони и милијарди видови. На окото од секое животно и човек има милиони бактерии кои живеат на самата леќа и може да ги видиме ако се помачиме, но сме се научиле да живееме заедно со нив. Исто како што сме научиле да не го приметуваме носот кога гледаме со очите. Бактериите се насекаде, буквално.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Филип.. А пеницилин секогаш го имало во дебелине книги?

Да, откако е откриен и откако ефектот бил апсолвиран - се појавил во сите медицински книги на светот.

Помеѓу откривањето од една и убацувањето во дебелите книги заедно со масовната примена од друга страна поминале околу 10 години.

Така иде тоа: некој ќе измисли нешто корисно, други луѓе ќе тестираат дали стварно држи вода или е превара и ако држи вода - ќе учат други луѓе како да го повторат истото (пошто е корисно). А се учи од учебници со помош на професори, дрн, дрн... таа е шемата.

Тоа едно. Друго:

http://www.fallacyfiles.org/wanalogy.html

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Не мора да се има цврсти ставови само кон медицина или некои си иљачи од треви и чуда. Секогаш е добро да се слушне и некое различно мислење, не е се така идеално и совршено ни во книгите, се разбира дека телото не ни е за експерименти, но нешто ако не е штетно по здравјето не гледам причина да не се проба. Една настинка се лечи и со апчиња и со чаеви, и двата начина се успешни.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Настинка се лечи и без чаеви.

затоа што масоњерата има длабоки корени во фармацијата... ако се дозволи иљачот, ке пропадне хемијата...

Да, да, затоа се продава хомеопатија низ сите аптеки во градов. Кутрите не можете да купите што сакате и да пробате да се лечите како сакате.

Кога некој ќе се излечи од болест која претходно се сметала за неизлечива, тој ќе ја рашири својата радост низ целиот свет. Ќе земе да јаде тулумби пред луѓе кои знаат дека бил дијабетичар, носејќи маица со испринтан телефон од човекот кој го нуди лекот. Само со куршум можеш да го спречиш да ја сподели вистината, затоа што таа вистина му го променила животот. Ширењето на таа вистина ќе стане света војна за него. Тој човек би се колел со оние кои се обидуваат да ја сокријат ВИСТИНАТА. Кога вистината е толку моќна, никој не може да ја спречи.

Фактот што го правиме овој муабет, треба да ти каже дека, не постои таква вистина која лечи дијабетес.

Електричните возила и водородните ќелии ги немаше пред 20-30 години, затоа што не беа спремни и економски исплатливи пред 20-30 години. Дискутабилно е дали и колку се исплатливи во моментов без субвенциите кои ги туркаат насекаде низ светот.

Американцине издејствуваа легализирање на растение кое се сметаше да одскочна рампа која неизбежно води до шприц со хероин во вена. Како започна сето тоа, со приказни за лековитост, кои се далеку понеспектакуларни од иљачиве за диабетес кои ги збориме. Фармацевтите ги имаа сите оридија, плус озлогласеноста и корумпираноста на Американската влада, но не успеаа да ги спречат.

Онаа кокошкана што тврди дека сонцето е ладно и меѓу другото лечи страшни болести за две недели до еден месец ако се работи за потежок случај, се појави на сите национални телевизии, јадеше бурек со Јанко преку саат време, никој не ја спречил да се промовира. Ако тоа навистина функционираше, министерот за здравство ќе беше главен шизик на сите светски трибини и симпозиуми кои се занимаваат со лечење на хронични болести. Бил Гејтс ќе ни донираше 300 милиони во развој на магични лекови од пребогатиот шпаиз на Македонија.


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Една настинка се лечи и со апчиња и со чаеви, и двата начина се успешни.

Настинката, како вирусно заболување, не се лечи туку се чека да помине. Апчињата и чаевите се само за да ги ублажат симптомите, т.е. да ни биде помалку непријатно додека чекаме.

Настинка се лечи со време, а не со чаеви или апчиња.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Настинка

„Засега нема синтетички ниту растителни лекови што делотворно го скратиле времетраењето на инфекцијата.[37] Лекувањето опфаќа олеснување на симптомите.[38]  ( . . . ) Најголемата корист од лечењето, всушност, се должи на плацебо ефектот.[39]“


Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
100 посто сум со Васил на оваа тема. Во врска со медицината:
1) права дијагноза е половина третман, што значи како ќе третираш нешто (па и со чаеви ако се може) кога не знаеш точно од што си болен. Самите луѓе што ги продаваат и промовираат овие препарати и самите не се медицински стручни, а да не кажам дека немаат ниту еден ден клиничко искуство. Зошто би верувале на нив, кога дури ни тие самите не се сигурни дека тоа што ти го имаш и од што боледуваш е истото она што они пробале кај себе и кај други луѓе да лекуваат и според нив успеале.
2)кога веќе дискутираме за бактерии во човековото тело, барем до денес се познати причинителите на најголемиот број на инфективни болести. Дали е бактерија, вирус, габичка, протозоа, нешто на граница на жив и мртов организам (кој што не може да се нарече клетка) сите тие организми имаат свои белези и на свои начин оставаат траги во организмот. Меѓу последните успеси во поглед на дијагнозата е преку самиот фенотип на бактеријата која организмот ја прикажува како антиген (страно тело) се откриваат бактерии/паразити во крвта кои претходно не можеле да се откријат на видно поле на микроскоп или преку засадување на култура.

Медицината оди понатамѕ, штета што ние во оваа држава не можеме да ги користиме благодетите и не можеме да ги пратиме трендовите.
Зини да ти кажу.

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Една настинка се лечи и со апчиња и со чаеви, и двата начина се успешни.

Настинката, како вирусно заболување, не се лечи туку се чека да помине. Апчињата и чаевите се само за да ги ублажат симптомите, т.е. да ни биде помалку непријатно додека чекаме.

Настинка се лечи со време, а не со чаеви или апчиња.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Настинка

„Засега нема синтетички ниту растителни лекови што делотворно го скратиле времетраењето на инфекцијата.[37] Лекувањето опфаќа олеснување на симптомите.[38]  ( . . . ) Најголемата корист од лечењето, всушност, се должи на плацебо ефектот.[39]“



не ми беше поентата конкретно за настинката. Туку не вреди слепо да се верува во нешто, различни мислења да се согледаат. Не го форсирам лечењето со треви и чаеви, но не го ни игнорирам. Ако гледаме така СЗО која е организација која би требало да се грижи за човековото здравје, забегува на многу работи но ова веќе станува преголема тема за дискусија. Првично пишав во врска со дијабетесот бидејќи верувам дека сите во наша близина имаме некој кој веќе го има, а и се повеќе и повеќе луѓе го имаат. Само сакав да слушнам различни мислења и начини како да се олесни секојдневното живеење на овие луѓе, боцкањето со инсулин и не е така едноставно кога ќе размислиш дека треба до крај на живот да го применуваш секој ден.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
„Засега нема синтетички ниту растителни лекови што делотворно го скратиле времетраењето на инфекцијата.[37] Лекувањето опфаќа олеснување на симптомите.[38]  ( . . . ) Најголемата корист од лечењето, всушност, се должи на плацебо ефектот.[39]“

Ова е тотална глупост и е сосем неточно. Неточно е вака како што е напишано. Јас разбирам што сакал да каже авторот ама тоа многу мизерно го напишал што ако буквално се земе е сосем неточно.

Има многу растителни и животиски продукти кои активно и директно или индиректно влијаат позитивно на имунолошкиот систем на организмот и со тоа делотворно се скратува времетраењето на инфекцијата. Олеснувањето на симтомите не е лекување туку само олеснување на симптомите. Исто така плацебо ефектот не е лечење туку е само олеснување на симптомите.

„Рутинското земање на витамин Ц не го смалува ризикот, ниту пак сериозноста на настинката. Витаминот Ц може да го намали времетраењето на настинката“

„Ефектот на витамин Ц врз настинката, и покрај тоа што опширно се истражува, е разочарувачки“

Не знам кој се дрзнал да го напише тоа на Википедиа, но веќе е јасно колку е релевантен текстот.
« Последно менување: 20 Ноември 2014, 16:01:16 pm Миле Џонтра »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Витаминот Ц е важен за превенција на болести и за одржување на здравјето.

Терапевтските ефекти од витаминот Ц вклучуваат:

Третман на алергии и астма: Витаминот Ц го има на површината на дишните патишта, па затоа намалени концентрации на витамин Ц се поврзани со бронхална констрикција и намалена функција на белите дробови. Некои испитувања иако недоволни ги поврзуваат суплементите на витамин Ц со олеснување на симптомите од астма.
Превенција на канцер: Витаминот Ц е познат антиоксиданс и поврзан е со намален ризик од рак на желудникот, белите дробови, дебелото црево и простатата.
Превенција на катаракта: Испитувањата покажале дека суплементите на витамин Ц значително го намалува ризикот од развој на катаракта, посебно кај жените. Според еден извештај од 2002 година, адекватниот внес на витамин Ц кај жени постари од 60 години, го намалил ризикот од развој на катаркта за 57%.
Продукција на колаген: Витаминот Ц учествува во синтезата на колаген, протеин кој ги сврзува клетките на сврзното ткиво. Колагенот е важен за формирање на рскавица, лигаменти, корнеа и други ткива и структури. Исто така се смета дека витаминот Ц, го забрзува заздравувањето на раните и повредите токму поради оваа улога во продукцијата на колаген.
Превенција на болест на жолчното кесе: Според едно испитување со 13 000 испитаници, жените кои дневно земале суплементи на витамин Ц имале 34% помал ризик од развој на жолчни камења, за разлика од тие кои не земале витамин Ц.
Зајакнување на имуниот систем: Витаминот Ц ја зголемува продукцијата на белите крвни зрнца и е важен за правилно функционирање на имуниот систем. Ниските концентрации на витаминот Ц се поврзуваат со зголемен ризик од инфекции. Затоа витаминот Ц често се препишува кај HIV позитивни лица, како заштита од инфекции.
Неуротрансмитери и хормони: Витаминот Ц е важен во претворањето на некои супстанции во неуротрансмитери, како серотонин, допамин, и норепинефрин, кои се важни за правилно функционирање на нервниот систем. Витаминот Ц учествува во продукцијата на хормони на надбубрежната жлезда.
Респираторен систем: Високи дози на витамин Ц можат да ги ублажат симптомите од настинка и да го намалат нејзиното времетраење. Витаминот Ц е поврзан со подобрување на функцијата на белите дробови и воопшто на респираторниот систем.
Превенција на срцеви заболувања: Некои испитувања покажуваат дека витаминот Ц го намалува тоталниот холестерол и ЛДЛ а во исто време го зголемува ХДЛ, со што превенира од срцеви заболувања. Антиоксидантните својства на витаминот Ц се поврзани со заштита на ѕидот на артериите кај пациентите со коронарна артериска болест. Од друга страна според некои испитувања, земањето поголеми дози од 500мг дневно , го задебелува ѕидот на артериите а со тоа всушност го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Ова се должи на улогата на витаминот Ц во продукцијата на колаген. Затоа се потребни понатамошни испитувања за да точно се одредат ризиците и бенефитите од суплементите на витамин Ц. сега за сега, пациентите со историја на болест на срце трба да избегнуваат дневни дози на витамин Ц повисоки од 200мг, поради ризикот од задебелување на артериите.
Контрола на крвниот притисок: Давањето на 500мг витамин Ц дневно, го намалило крвниот притисок кај 39 испитаници со хипертензија. Се смета дека витаминот Ц го намалува крвниот притисок преку, помагање на функцијата на азот моноксид, гас кој се произведува во организмот и ги дилатира крвните садови. Повторно, неодамнешните наоди дека витаминот Ц го задебелува ѕидот на артериите е контрадикторно на претходното и потребни се дополнителни испитувања.
Третман на канцер: Некои научници не се согласуваат со употребата на витаминот Ц во третманот на канцер. Од една страна, испитувањата покажале дека туморските клетки го апсорбираат витаминот Ц побрзо отколку здравите клетки, бидејки ја загубиле можноста за транспорт на витаминот. Радијацијата и хемотерапијата, стимулираат оксидација и развој на слободни радикали со цел да го запрат растот на туморските клетки. Бидејки витаминот Ц е антиоксиданс, кој ги апсорбира слободните радикали, некои научници сметаат дека може да биде контрапродуктивен во третманите на канцер. Точното влијание на витаминот Ц на пациентите кои се подложени на хемотерапија не е целосно разјаснето, и затоа некои научници сметаат дека треба да се избегнуваат суплементи на витамин Ц кај пациенти кои се на ваква терапија. Од друга страна, според друга група на научници, високите дози на витаминот Ц ги заштитуваат здравите клетки и го инхибираат растот на туморските клетки. Според нив, за разлика од здравите клетки кои земаат само онолку витамин Ц колку што им е потребно, туморските клетки, продолжуваат да земаат витамин Ц во вишок, и престануваат да растат, но за ова сеуште нема in vivo контролирани клинички студии. Според сегашните извршени клинички студии, канцер пациентите треба да избегнуваат земање на суплементи на витамин Ц.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Дали може да ми кажете точно дали е нормално, без никакви пречки да се отиде и да се направи абортус на пр. во систина?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига