А извинете, ако толку е полошо во Германија, Белгија, Швајцарија и тн.. зошто никој не се врати од таму?
Не би се вратиле повторно, па макар миеле вециња во Швајцарија со голи раце, затоа што знаат каде живееле и како живееле.
ПРОСТ пример:
Доаѓаат лани: Роднина од Австралија и негов пријател. Разликата меѓу лицата е што роднинава е таму роден (што значи дека не живеел тука и не видел како е), додека неговиот пријател е од тука преселен на некои 15 години (значи памти во што гомно се родил и како ги живеел тие бедни 15 години).
И си седиме така уз ракија си правиме муабет, и овој роднинава рипа као .. што ви фали тука, гледај супер е , па уште ненормалниов се заинтересира за стан тука (да дошол да живее).
Тоа е последица на не-живеењето тука и незнаејќи го животот, дојде со брдо пари од таму па топ му е месец дена, живее како бог. Да не наведувам детали на што се трошеше и колку трошеше (ќе испадне дека го дигам ептен).
Видов дека не бива да се разбереш со теле, па го прашав другар му:
Би се вратил тука пак?
- Ааа не не, вака на одмор ќе си доаѓам ама нема шанси пак да живеам тука.
Тоа значеше КРАЈ на муабетот, се е кажано и се е јасно.
Епа се надевам дека ви послужи примеров за осознавање на некои работи.