Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1608433 пати)

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 811
  • The best or nothing.
Ќе пробам со вежби, па ќе видиме. Дремам на столица (без поддршка), па сакал-нејќел, се "криви" кичмата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Вратило дома. Ништо друго нема да помогне. Пројди-зајди да се бесиш и да висиш. Имаш добри вратила мајстори пи пазар3/реклама5. Се комплет под 50еур ќе те чини.

Дома! Да ти е достапно цело време. На балкон е џабе, во двор е џабе.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Цитат
Размислуваме дали ќе има разлика на капитацијата за семеен доктор и за фамилијарен доктор“

колку што знам, семејство и фамилија е едно те исто.
Семејство е македонски збор, фамилија е увезено од запад.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Јас го сфаќам како семејство ти е по дома (жена, деца, миленик а у), а фамилија е троа проширено (браќа, сестри, братучеди воа-ноа).
Секако може да не е така :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Кај нас во Македонија термините се „семејство“ и „домаќинство“.

Домаќинство си ти, соппругата и децата.

Семејството ги вклучува и бабите, дедовците, сестрите, браќата......
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Јас го сфаќам како семејство ти е по дома (жена, деца, миленик а у), а фамилија е троа проширено (браќа, сестри, братучеди воа-ноа).
Секако може да не е така :)
Воа-ноа = Родбина :)

Туку само нешто измислуваат, нешто као приоритетен и итен упат, а итност и приоритетност е едно те исто, само различно потекло.

Или како кога инженер од Телеком им кажува на работниците да постават туба за време инсталирањето оптички кабел.
На крај излезе дека тубата е најобична цевка.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Многу е јасно што е семејство.
Французите велат famille, на англиски е familly.

Оттука би рекол дека фамилија во македонскиот би значело племе, бидејќи сосила сакаат да направат разлика помеѓу семејство и фамилија
 ;D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Како што нѐ учеа во основно - семејство се мајка, татко, брат, сестра. Фамилија се - баба, дедо, чичко, стрина, вујко, вујна, тетка, тетин, братучед, братучеда, итн.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Немој случајно да ти излета некогаш да кажеш дека си бил фамилијарно на одмор :D

Еден другар на времето сакаше да стави во ценовник за монтажа на аудио во кола две варијанти на поврзување на звучници:
Премостување на звучни излези: 500 денари
Бриџување на аудиоамплификатор :2.500 денари

Викаше дека ќе се наполни со пари :D

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 379
Имам некој внатрешен немир, напнатост некоја која ја осеќам во градиве, ко нешто да очекувам а нема ништо посебно, не знам ни дали ќе можам да спијам. Бев во теретана ама привремено ми помогна, дома еве пак исто.
Зедов Б6 ама не бива, диезепам не сакам да земам.

Како можам да го решам немиров/анксиозносва на природна база?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Притисок имаш измерено?

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 379
Сега мерев 131 со 81
Не знам дали ми е покачен од вежбањето или од ситуацијава.
Од пладне ми е вака. Добив одговор на прашање за кое не бе сигурен, ништо лично поврзано со мене ама некако како да ме вознемири, и осеќам како напнатост во градиве 

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5929
Чај од кантарион, ама ако земаш работи како дијазепами или антидепресиви, тогаш НЕ.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Сега мерев 131 со 81
Не знам дали ми е покачен од вежбањето или од ситуацијава.
Од пладне ми е вака. Добив одговор на прашање за кое не бе сигурен, ништо лично поврзано со мене ама некако како да ме вознемири, и осеќам како напнатост во градиве

Пробај со магнезиум глицинат (скап е, ама вреди и е најдобра форма од сите магнезиумски форми), Б-комплекс (од обичните, кафените), мелатонин (Лунерба) и со 5-HTP (има внатре екстракт од Griffonia simplicifolia, Б6 и валеријана)
https://vitamini.mk/produkt/magnesium-glycinate180-tableti/
https://zegin.com.mk/mk/solgar-5-khtp-khidroksitriptofan-100-mg-30-kapsuli

Те разбирам како ти е, ова е класичен симптом на анксиозност (како да ќе се случи нешто, вознемиреност без причина и тн.)