Пред повеќе години Лакалут повремено даваше гратис плак детектор во течна форма со купена паста.
Но тој плак детектор може да биде контрапродуктивен доколку се четкаат забите на погрешен начин.
1. Горните заби, му објаснуваш на детето дека четкањето е како да врне дожд, односно потезите со четката да бидат со нежен притисок, како масажа, и тоа започнувајќи од непцата па надолу по забите. Никако како бичкија лево/десно или кружни движења.
2. Долните заби, му објаснуваш четкањето е како да расте трева, од непцата нагоре.
Прво на забар нека ми го симне наслагите, потоа играј си со плак детекторот.
И носи го на најмалку 6 месеци на контрола и чистење.