RowaTinex капсули со екстракт од билки, мислам дека беа единствени за разредување на шилците од каменот...
Во принцип Спазмемкс и Дијазепам помагаат за болката, со дополнително аналгеток што ќе ти го препише уролог. Тродон е јак аналгетик и не е за секој ден.
Докторот ќе ти рече и многу вода (>> 3l дневно), пријателите ќе ти кажат многу пиво дневно, јас ќе ти кажам најмалку 2 литри вода од чешма дневно. НАЈМАЛКУ 2 ЛИТРИ!!! И движење, пешачење.
За под нож не размислувај додека доктор не каже дека мора, тоа прави голема штета на бубрегот.
Во принцип исфрлањето на каменот не се случува за ден-два, некогаш трае и месец-два, па и повеќе... Многу е важно кога ќе тргне низ мочниот канал да го уловиш на мочање, за да може да се анализира.
Бабини деветини не функционираат кај секого.
Од диети ќе баталиш суплементи ако примаш, ќе баталиш чоколадо, банани...
Некогаш ишијас дава иста болка како и камен во бубрег.
Ти го кажувам ода од искуство, јас имам исфрлено 3 големи камења, 6-7-8mm.
Некои уролози и нефролози не ги гледаа на ехо а се појавуваа на ренген. Некои ренгенолози ниту нив не ги гледаа, така да....