Дали некој имал камчиња или песок во бубрези и како ги средил?
Вчера ме заболеа бубрезите, наеднаш двата, паднав на земја и снемав воздух, имав јака вртоглавица. На секое земање воздух каде што притискаше дијафрагмата имав болка. Бев на лекар и ми рекоа дека крвта е супер (секогаш ми е така, дури и кога сум настинат), но дека имам леукоцити 8-10 и еритроцити 2-3 во урина и траги од калциум оксалати (најверојатно песок или камчиња), пиев увин чај и над 2л течности (претходно не пиев воопшто вода, максимум 1 литар), од време на време сѐ повеќе ме боли левиов бубрег. Дали увиниот чај и чајот од брусница во комбинација со 2л+ вода на ден би спречиле ширење на камчињата и чистење на старите?
И да, од понеделник одам на ехо за бубрезите.