Со македонски потврди дека сме вакцинирани влеговме во Унгарија на крајот од јули, цариникот не ги ни погледна затоа што тогаш идеше и ордата од Турција. Преспавме во Кечкемет, таму ништо не ни побараја. Потоа 2 дена бевме во Гљивице во Полска и таму не ни побараја потврда за вакцинација. Првпат потврдите ни ги побараја во Нирнберг и немаше никаков проблем иако брат ми е вакциниран со синофарм, за мене немаше ни да има проблем оти јас сум вакциниран со Фајзер.
Потоа најверојатно ситуацијата почна да се стега и во Австрија бараја потврди ако сакаш да седнеш во некој локал, нас во Словенија ни побараја. Пола Европа ја прошетавме и нема проблем.
Единствено македонската потврда не ја познава мобилната апликација covidpass. Бар кодот на потврдата не одговара и мораш да ја носиш потврдата со себе или да ја имаш во pdf формат на мобилниот.