Гледам да ги избегнам нуспојавите при Фајзер, лично знам повеќе случаеви што имаа проблеми после примање на вакцината, што секако не значи дека е генерално правило. Сестра ми немаше скоро ништо после втората доза Фајзер, една ноќ треска и тоа беше. И јас лично повеќе им верувам на испитани методи (инактивиран вирус) отколку mRNA.
Во смисла на патувања - не дека ќе се убијам патувајќи, повеќе ми е за тука во Северџанија, никаде не можеш да излезеш и седнеш на раат. Сакав сега да одам на Македонија - Германија, не можам, а картите отидоа. Чисто како пример. Ова нема крај, не можам да седам дома како глушец со месеци.
Гледам од вчера и Норвешка ја призна Синовак, а и Австралија пред некој ден.