Другари/клабери, дали ви се имаат случено панични напади и ако да, како се справивте/справувате?
Некоја анксиозност ме јаде од есента, кулминираше со срање/паничен напад пред месец дена, среде возење на автопатот после Хотел Македонија накај Велес. Едвај извозев до Велес, а тргнав за Штип да се враќам. Мислев дека е готово со мене, ќе ми се стемни и ќе ме најдат починат во третата лента.
Тахикардија не знам колку, јас глава сечам дека ми беше 200. Раце, нозе ми трпнеа/вибрираа како во струја. Од три ленти, само мојата ја гледав како во тунел и толку. Ме фати жештина, сите 4 прозори ги отворив.
Му звонев на татко ми, го слушав како од далеку. Ми вика Паркирај се и смири се, мислам дека да се паркирав немаше ни да тргнам пак. Само Господ знае како извозив до Велес, цело искуство со возење години излезе на дело (во смисла пазење да не ме собере некој на автопат, давање гас, кочење, менување брзини, дури и жмигавци давав).
Само штом видов други коли/луѓе влегувајќи во Велес кај кружниот - се потсмирив малку, мислев дека ќе пројде, ама сепак отидов до болницата. Ми направија ЕКГ, 110 имав на релативно смирен. Дежурниот интернист рече класичен паничен напад по тоа што му раскажав. Верапамил ми дадоа интравенозно, не ми ставија ништо за смирување дека возев.
Што е уште посмешно - не успеав да се вратам до дома. Земав да возам, стигнав до депонијата и осетив како пак ме фаќа тахикардија и трпнење - и се вратив до Лукоил. Ваљда превише бев исплашен да не ме повтори, дојдоа стариот мој и зетот да ме "земат" од Велес т.е некој да се вози со мене.
Минатата недела - исто. Во возење од Скопје накај Штип, исто навечер, само што не бев сам, туку со девојката. Почнаа исти симптоми, она ме смири за кратко со муабет (нормално, знае за сѐ што ми се дешава во животов). Да бев сам - ќе ме повтореше.
Да напоменам дека претходниот ден се враќавме денски - ништо немав.
Од првиот напад како да ми остана страв да возам сам надвор од град, посебно навечер. Никогаш до сега сум немал проблем со возењето, можев да извозам сам до Пекинг (така е зборот). Сум се возел сам по секакви патишта, по секое време и во секој дел од денот знам да возам.
Почнав да размислувам да си посетам психилог/психијатар.
Ме уби анксиозност/депресивност од ноември лани. Како да станав хипохондрик, милион испитувања направив од есенва (некои сосема оправдани, некои не баш):
- Гастроскопија (веќе трети пат за 7-8 години, имам дијагностицирано кила на желудник + рефлукс).
- ЕКГ + ехо на срце/каротиди + стрес-тест. Поминато во најдобар ред.
- Две крвни слики, во ред.
- Испитани тироидни хормони/антитела (поради фамилијарни причини) - во ред се. Тука остана уште ехо да направам.
- IgG и IgM. Ниту антитела имам, ниту имав антиген (ова го правев исто после сомнителен контакт).
- Три теста за корона (сите негативни). Првиот заради сомнителен контакт, другите два во болница кога ме оперираа од слепо црево.
- Ехо на цел абдомен + бубрези (ова кога ми дијагностицираа воспалено слепо црево).
- Ми се лупеше кожата на главата и ми се правеше првут, многу. Два месеци што се не пробав, се додека еден искусен кожен лекар од Штип пред 5 дена не ми препиша кортикостероиден лосион + крема + Бедоксин. Дури и ме праша дали се нервирам нешто периодов, му личело на неуродерматит, хах. Како да му објаснам дека јас не сум јас со недели... Сега се смири кожата, плус првут скоро и да немам.
Кулминираа сите испитувања кога ме оперираа од слепото пред месец и кусур. Како да ми остана некоја траума од операцијата, многу брзо се случи се (ме заболе кај папокот во 22 вечерта, во 09 утредента ме внесоа во сала). Не ми беше процесирано целото можеби, па ме акна паничен напад после една недела од операција.
Почнав да пијам Деметрин (анксиолитик) пред три недели, имам уште три (се намалува постепено дозата).
Бедоксин си пијам + Магнезиум директ (оној со Б-Комплекс) + Ц-Витамин.