@Van
Сликава ми е од 28.12.2020.
Од тука испив сѐ (МГ директ пиев до вчера, се потроши и второто кутивче), освен од Д витаминот, ми останаа уште 30. Ајде ќе почнам од денес пак да ги допијам.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
И вино црвено на ручек ти препорачувам да се напиеш. Било какво, кое ти одговара на вкус и на џебот.
И јас малтене ги пијам истиве работи за имунитет, магнезиум со витамин б6 во форма на шумлива таблета, витамин Д 1000 единици, цинк со селен и витамин Ц во форма на прашок.
Успат рано наутро по една чаша цеден лимон со портокал и лажичка мед со чај, а попладне салата од зелка, морков и цвекло.
Пред спиење таблетка витамин Ц 500 милиграми.
Ама и во текот на една недела, барем 4 дена на ручек пијам по 1 чаша црвено вино и искрено незнам дали е плацебо, ама делува на расположението.
Успат и самото црвено вино во таа количина е здраво, има премногу антиоксиданти.
И јас бев изминатиот период премногу напнат, на работа имав премногу нервози, работев нешто што не ми е по кејф, останував и доста прекувремено а ништо не ми се плакаше итн и цело време бев напнат бидејки во мегувреме барав и друга работа, па дали ќе има, ќе нема итн.
Ама искрено делуваше во некоја мера виното на расположението.