Искрено тешко може да се утврди кој сеуште немал контакт со вирусот. Знам еден пријател на кој му открија присуство на антитела. На крајот испадна дека имал само мала изложеност на вирусот но недоволна за да заболи.
Не разбирам каква е таа мала изложеност на вирус при што створил и антитела кои го сузбиле вирусот за да не заболи.
Не ти кажа дека „створил антитела“.
Кажа дека човекот не дошол во контакт со многу вирусни единки и притоа (веројатно затоа) вродениот имун систем се справил со почетната инфекција без да се вклучи и стекнатиот имун систем.
Ова звучи добро и е добро во моментот, но за жал не резултира со стварање имунитет. Во следната прилика целиот процес ќе се случува одново.
Значи дека вакцината не го спречува ширењето на вирусот туку тврдат - сеуште непроверено дека така полесно ќе си ја поминел болеста. И сега што правиме со спречување на ширењето на болеста или т.н имунитетот на стадото.
Ковидот не може да се споредува со сипаници, заушки или жолтица. Ковидот може да се споредува само со грип и треба така и да се третира. Затоа и вакцинирањето за сезонски грип е незадолжително за разлика од претходно споменатите заразни болести.
Изгледа дека многу работи се нејасни во јавноста, и многу дезинформации има.
Еве ги фактите:
- Вакцините го спречуваат ширењето на вирусот, тебе те збунува тоа што не гарантираат 100% успех. Руската ете има 85-90% успешност, тоа значи дека од 100 вакцинирани 85-90 ќе развијат имунитет а другите 15 или 10 делумно.
- Не е непроверено дека полесно се помнува болеста, проверено е. Од вакцинираните кои заболуваат од ковид-19, скоро никој нема починато.
- Групниот имунитет функционира. Не мора 70+% да се вакцинираат, туку толку треба да имаат имунитет (сеедно како е стекнат) за вирусот да не може лесно да се шири и за кратко време потоа да се елиминира.
Споредбата со грипот не е добра, ниту со другиве наведени вируси. Овој вирус не толку смртоносен но е опак и лош затоа што многу од заразените не знаат дека се заразени и заразуваат други луѓе. Ама ова е едно 80349580348534 пати кажано.
Имам докторче што има прележано ковид уште лани кога почна епидемијава и објавуваше статистика на антитела и веќе му ги немаше антителата скоро после 7-8 месеци. Во меѓувреме доби и втора доза од фајзер и нивото на антитела е 100 пати поголемо од тоа кога имаше прележано ковид.
Прво, нормално дека антителата се намалуваат со време, зошто би опстојувале освен ако човекот не е постојано одново изложен на патогенот?
Второ, ретардирано е што прележан се вакцинирал.
Не може да има антитела цело време, ама имуниот систем си има меморија и икју од 25983 како некои членови тука и доколку нападне ист/сличен вирус болест небитно, тој се активира и пак прави антитела.
Отприлика вака.
да не сум тапа, утре со две руски вакцини ке се вакцинирам, а сабота со две шкотски.
Мене кога ме прашуваат „вотка или скоч, јас им велам ДА“.
