Абе имаш отворени можности. Можеш да читаш научни истражувања, или од некои таму чпп од си-ди-си (да
береш цреши).
Фактите од научните истражувања се јасни, инфлуенца вирусите немаат „контрола“ на промените на RNA полимеразата, за разлика од нив коронавирусите имаат контролен механизам, и затоа имаат поспоро менување. Ова се факти. Не се некои нафрлени работи во „често поставувани прашања“ на министерства/институции (а што ти се погодило за чери-пикинг)
Видовме и со СЗО, дека сите таквите првенствено се
политички организации. Миљон работи изнакажаа - ама не како што навистина се работите - туку како што им одговара на државите кои ги спонзорираат. За маските кажуваа не помагале (уствари заради малата залиха на маски во светот), па потоа сменија во обавезно да се носат маски... Еве сега дојдоа до 2-3 маски да се носеле една врз друга. Калакурница.
Ова го знаат сите инфектолози (за траењето на имунитетот на сарс-ков-2), не е дека не го знаат. А тоа што има политичка одлука да се вакцинираат сите, е заради тоа што не можат да бидат сигурни дека некој прележал сарс-ков-2 освен ако нема позитивен серолошки тест на игм/игг антитела. Ама тоа се испитува до неколку месеци после изложувањето/прележувањето на заразата... И затоа ајт сите топтан на вакцинација - наместо да спонзорираа повремени серолошки скрининзи по професиите кои се најизложени (евтини се серолошките тестови, посебно на големи количини).
edit: За другото не ти коментирам, си знаеш ти.
