Сега испаѓа уште посомнителна работава. Ако смртноста е помала од 1% и најчесто е кај лица со 300 други болести, тогаш вреди ли да ме пелцоваат и да ме обележуваат со „Ковид пасош“ или да се надевам дека сум во тие 99% што ќе преживеат? Без потреба некој на мене да експериментира со „сигурни“ вакцини.
Тоа со процентите често се статистики извадени од контекст (како велат, има лага, има сушење лажење, и има статистика).
Пар моменти кои не се спорни:
-вирусов е опасен, не само за постари луѓе туку и за било кој што има дијагностицирани и недијагностицирани болести (а многумина се такви, повеќе отколку што се мисли)
- вакциниве помагаат, голем дел од вакцинираните добиваат имунитет а тие што не стануваат имуни се најчесто истите кои би развиле натешки последици од болеста (или смрт) а вака со вакцинава болеста ја поминуваат многу полесно
Проефектот од вакциниве не е спорен. Спорни се контраефектите, а таквите се наоѓаат со детални и долготрајни истражувања. На крај, за ризичните групи реално и нема многу избор - треба да се вакцинираат (со задршка дека навистина не знаеме дали има и некои јебено лоши контраефекти на подолг рок).
И уште нешто, зошто на луѓе кои прележале исто им тупат за вакциниве. Нели тие треба да имаат имунитет?
Тоа е целосно идиотски, ако навистина така испадне.
Сите истражувања покажуваат дека вирусов не се менува толку бргу.
Глупост е носење маски во ресторани и кафичи.
Не е дека не се согласувам.
Без да навлегувам во детали: Од здравствен аспект идеално би било да се забрани собирање во внатрешни простории за било кои неесенцијални потреби.
Но од економски и социјални причини, тоа нема да се случи.