Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1615364 пати)

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4023
Tие лани пролетта што прележаа сеа пак ќе си прележат, овојпат веројатно со британскиот сој кој почна да се шири и кај нас :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Ова е наменето за сите луѓе, особено за тие против вакцинација:

Вие сте одлучиле да живеете во општествена организација која ви дава права, но ви задава и обврски. Да ви дадам пример:

- Правото кое го добивате од општествената организација е слободно да се движите, да имате блиски интеракции со други припадници на истата организација, да се групирате, и други слични активности за кои општествената организација ви овозможила услови, како на вас, така и на сите останати припадници на организацијата.

- Обврските кои морате да ги исполните, бидејќи сите ги имаме истите права, се да бидете целосно здрави, да не бидете закана за здравјето на оние со намален имунитет или со хронични здравствени проблеми, зошто вие не сте повредни и побитни од тие луѓе чија генетика не е толку силна како вашата. Колективното здравје, особено од вакви ретардирани болести, најчесто се прави со креирање на имунитет на стадо преку имунизација од истите тие болести.

Дали имунизацијата е вакцина, дали е апче, дали е изолација од 150 дена, тоа е небитно. Доколку вие сакате да продолжите да ги користите сите бенефити кои општеството ви ги овозможило, должни сте да гледате подалеку од својот нос и да размислите дека некој друг, или пак нечиј родител, нечие дете, нечиј близок не може да ја преброди болеста на лесен начин како што можете вие.

Ако не сакате да подлегнете на колективната имунизација и да се грижите за останатите припадници на општествената организација, вие не треба да живеете во општествена организација.

Поедноставно не знам како да ви го насликам ова.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Убав ти е текстот ама едно забораваш, во државава нема вакцини ни за да се имунизира Пробиштип не пак останатиот дел од Македонија. Таков муабет можеме да правиме кога во Македонија дебиливе ќе донесат, а нема да донесат, вакцини за секој граѓанин.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
@Inter1, се сложувам дека секој има право. И се сложувам да си до некаде скептик. И сфаќам дека не сите размислуваме исто. Те разбрав што сакаш да кажеш со последниот пост.

@MartinAlfista, ние во зграда не можеме да се научиме дека кантите за мали отпадоци не служат некој да ги наполни со домашно ѓубре зашто ги мрзи да попешачат 100 метри до контејнер. Не па ова. Нема општествена одговорност кај нас за жал. Со чест на исклучоци.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Додека кај нас да донесат голема количина за да се изврши масовна вакцинација на целото население ковидот ќе почне да се третира како сезонскиот грип.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
@MartinAlfista  ај да не ти го пишувам истово и тебе, прочитај неколку поста погоре.

Ти гледај сам спаси се, за другите не се замарај. Ова е болест, значи сам себе можеш да се спасиш или да си наштетиш. Ете ти сам спаси се, јас сам ќе си наштетам. Затоа приказни за мали дека дека општеството била со поеднакви и повредни и помалку вредни на некој внук таму раскажувај. Ти и твоите вакцинирајте се и спасете се, што се замарате за други луѓе? И зошто пак ти да си повреден и побитен од мојава слобода на мисла и избор? Зошто ти сакаш мојава слобода да ми ја намалиш. Јас тебе не ти забранувам вакцини, ти мене директно слободата на избор ми ја ограничуваш и ме етикетираш дека сум те загрозувал?

Поедноставно од ова не знам како да ти насликам.

Едит: Да го цитирам и другарчево Ван. Непотребно е солење памет. Секој си знае што и како треба за себе.

@Van
Непотребна е жестината на дискусијава - сѐ додека постои право на избор (кое мора да постои). Освен тоа како што кажа и поназад Дени, бесцелно е кога ионака во догледно време овде нема да има доволно вакцини, барем не доволно за да направат разлика.

Во целава неспособност на нашите „драги“ лидери, една добра работа е што остатокот од светот детално ќе ги истестира сите достапни вакцини, пред некоја од нив помасовно да дојде овде. :)

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Ме интерсира на што дроги е дечково. Милион би требало да стигна некогаш а нему милион и осумстотини му се гледаат.
https://plusinfo.mk/filipche-nad-1-800-000-vakcini-e-imame-zakluchno-so-mart/

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Изгледа не ти е јасно дека со вакцинација или се спасуваат сите или никој. @Inter1

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Зошто 300 људи, 300 чуди - поради Х причини, имунитетот на некој мој близок може да развие нецелосна отпорност кон болеста, и токму ти, господин „слобода на мисла и избор“ да се искашлаш во фаца на мојот близок и мојот близок да не успее да се избори со тоа што ти, невакцинираниот, ќе му го пренесеш.

Ете ти уште поедноставно насликано зошто е битна колективна имунизација, а не имунизација „ти спаси се, мене остај ме“.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Македонија, земја на „мене да ми е убаво, другите кој ги е*е“ наместо „ако ни е на сите убаво, и мене ќе ми биде убаво“.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
@DarthJe5us  јбг ондак ќе испоумреме сите :D
Само 40.000 пријавени од 1.800.000 луѓе во Мкд е сериозен показател дека никој не е сигурен во овие вакцини. Изгледа сите сме општествено неодговорни и тапа и не веруваме во 21век. Ете јас во 19ти уште живеам и топ е. 

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Добро бре луѓе очи си извадовте меѓу себе околу вакциниве а ќора вакцина освен оние што Србија ни ги даде во Македонија нема. Да ве гледа човек од страна ќе мисли дека во Македонија има 4 милиони вакцини на располагање и капацитет да се вакцинираат 2500 луѓе дневно.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Македонија, земја на „мене да ми е убаво, другите кој ги е*е“ наместо „ако ни е на сите убаво, и мене ќе ми биде убаво“.

Еве да пробам да насликам од другата гледна точка:

Јас ќе се вакцинирам за да ги заштитам блиските на @Inter1, а @Inter1 и блиските нека се вакцинираат за да се заштитат во случај мојот имунитет да не развие отпорност поради Х причини (пример сум јадел кисела туршија од пред 2 сезони и тоа кислоините ја поништиле вакцината).

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Зошто 300 људи, 300 чуди - поради Х причини, имунитетот на некој мој близок може да развие нецелосна отпорност кон болеста, и токму ти, господин „слобода на мисла и избор“ да се искашлаш во фаца на мојот близок и мојот близок да не успее да се избори со тоа што ти, невакцинираниот, ќе му го пренесеш.

Ете ти уште поедноставно насликано зошто е битна колективна имунизација, а не имунизација „ти спаси се, мене остај ме“.

Кога јас ќе му се искашлам на твој близок пошто сте одбрано друштво и аристократија тогаш го имаш правото на коментар. Што ако ти вакциниран се искашлаш кај мене и место со ковид ме инфицираш со друго? Јас нити кашлам нити се вакцинирам. Носам маска, се дистанцирам и никого директно не загрозувам. Кога ќе се покажат за успешни вакцините тогаш да, ако има потреба ќе се вакцинирам, до тогаш како што е пишано горе не замарајте 21век е :) Адиос

@MartinAlfista  фала што се грижиш за моево здравје и ќе се вакцинираш. Па поголема небулоза не можеше да постои. Јас нема да се вакцинирам, што значи директно ти го ускратив здравјето тебе :) Извини


Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
@DarthJe5us  јбг ондак ќе испоумреме сите :D
Само 40.000 пријавени од 1.800.000 луѓе во Мкд е сериозен показател дека никој не е сигурен во овие вакцини. Изгледа сите сме општествено неодговорни и тапа и не веруваме во 21век. Ете јас во 19ти уште живеам и топ е. 
Небаре ако сите 1,5 милиони се пријавиме одма ќе се нацртаат 4 милиони вакцини.