Вакцините биле фашистички, а тоа дома што дремеше заклучен топ мерка беше.
Не знам за тебе, ама јас не дремев дома заклучен.
Имплементацијата беше ретардирана, тоа уште тогаш го нагласив, со полициски часови ама со намален возен ред на ЈСП.
Ти чинам беше меѓу тие што се смееше кога пишував за маските дека е голема грешка што не се форсира нивно носење, наспроти политиката на СЗО (тогаш кажуваа дека не користат), а сега истото (маските) се реалност насекаде.
Зошто луѓе што се вакцинираат треба маски да носат? Ете и тоа ме мачи ...
Ова не е добро објаснето во јавноста: Вакцините не гарантираат имунитет од заразување со вирусот. Но вакцините за сарс-ков-2 значително ја зголемуваат шансата за преживување и за немање големи последици од болеста.
Последниве две реченици да се препрочитаат по потреба (не ти лично, туку било кој).

Вакцинираните може да се заразат, и вакцинираните заразени може да го пренесуваат вирусот. Следствено и потребата од маски.