Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1615893 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Имајте во предвид технологијата во 20-от век со достапната сега. И не тропајте глупости.


Sent from my iPhone using Tapatalk
tolku napredna shto ne mozat da izmislat lek za rak, niti za sida, a ushte pomalce za glad.
Аха, значи вакцинава што има внатре? Не развива имунолошки одговор? Убива за два дена? Шеќер и вода е? 5Г гратис иде или се плаќа на месечно ниво?

Споредуваш болести кои различно влијаат и се манифестираат и затоа споредбата ти нема смисла. Да не зборам за гладот.
Ni zna ni me zanima shto ima vnatre, ko e tolku napredna tehnologijata ete, bujrum, a ne sega razlicni bile bolestite, 5g, ne znam ti shto. Dela, a ne zborovi. Sekako nemam nishtonprotiv da si se valcinira koj saka. Ili pa imaat lek ama go krijat.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Ова е наменето за сите луѓе, особено за тие против вакцинација:

Вие сте одлучиле да живеете во општествена организација која ви дава права, но ви задава и обврски. Да ви дадам пример:

- Правото кое го добивате од општествената организација е слободно да се движите, да имате блиски интеракции со други припадници на истата организација, да се групирате, и други слични активности за кои општествената организација ви овозможила услови, како на вас, така и на сите останати припадници на организацијата.

- Обврските кои морате да ги исполните, бидејќи сите ги имаме истите права, се да бидете целосно здрави, да не бидете закана за здравјето на оние со намален имунитет или со хронични здравствени проблеми, зошто вие не сте повредни и побитни од тие луѓе чија генетика не е толку силна како вашата. Колективното здравје, особено од вакви ретардирани болести, најчесто се прави со креирање на имунитет на стадо преку имунизација од истите тие болести.

Дали имунизацијата е вакцина, дали е апче, дали е изолација од 150 дена, тоа е небитно. Доколку вие сакате да продолжите да ги користите сите бенефити кои општеството ви ги овозможило, должни сте да гледате подалеку од својот нос и да размислите дека некој друг, или пак нечиј родител, нечие дете, нечиј близок не може да ја преброди болеста на лесен начин како што можете вие.

Ако не сакате да подлегнете на колективната имунизација и да се грижите за останатите припадници на општествената организација, вие не треба да живеете во општествена организација.

Поедноставно не знам како да ви го насликам ова.
za da ne gi zageozuba drugite, odbiram da si ja prelezam bolesta po priroden pat. Dovolno fer? A i ako ima nekoj jak imunitet nema.ni da ja prenese bolesta

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4044
  • MadaFunker
Ајде пауза, сите на преглед кај докторкава
New blood of old school

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
@darkomic  И 10.000.000 милиони вакцини да има што е невозможно поради неспособност, пак ќе се пријават преку сила до 100.000 луѓе. Дај боже да имаше вакцини уште пред 2-3 месеци, па кој сака да се вакцинира, ама проблемот е што нема ни за нив, а остатокот не е нешто сигурен во „сигурноста“ на вакцините. На 10000 наброени нус појави ти викаат вакцинирај се. Ќе те спасиме од ковид, ама има шанси малку да те осакатиме јбг. Фала им. Јас ќе чекам да видам што како, не брзам нигде.

Докторкава треба ние да ја вакцинираме :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Ајде пауза, сите на преглед кај докторкава (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
vidis celo vreme imale losh marketing xD

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Она кога државата (читај луѓето) ти била понапредна (читај пописмена) во 1995 година отколку во 2021.

Бјонтек развива лекови против рак ама на Мице од свирипичино, кој не знае да ја изрецитира азбуката, му е сомнителна вакцината.

Зини земјо индијо...

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
@nekojtamu  ало писмен човеку. Развива и готов производ се 100% различни работи. Кога ќе имаат готов производ со максимум ефикасност, а минимум нуспојави и пуштен како готов производ тестиран/употребуван подолг период на време тогаш да, секоја чест. Се останато е само експериментална фаза. Истата фаза во која се и вакциниве, ама како пуштен производ за креирање профит. За неколку месеци направија вакцина. Теоретски и 100% да штити вакцината, нема поминато доволно време за да видат дали и како функционира, дали и кои се нус појави. Нема цели циклуси на тестирање поминато како што поминувале сите вакцини или лекови до сега. Ама глупи сме ние од свирипичино, 21век било.
Среќа си многу писмен или пописмен од нас останативе кои сме глупи, па можеш се да видиш и точно да просудиш.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Она кога државата (читај луѓето) ти била понапредна (читај пописмена) во 1995 година отколку во 2021.

Бјонтек развива лекови против рак ама на Мице од свирипичино, кој не знае да ја изрецитира азбуката, му е сомнителна вакцината.

Зини земјо индијо...
Во Германија имаше една фирма што развиваше товарен цепелин. Направија еден голем хангар и успеаја да сместат само едно мало цепелинче. Фирмата пропадна и сега во хангрот има аква парк. Толку од фирмите кои “развиваат“ производи. Мислити и срати цвече брати није исто.  https://en.wikipedia.org/wiki/CargoLifter

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Ова е наменето за сите луѓе, особено за тие против вакцинација:

Вие сте одлучиле да живеете во општествена организација која ви дава права, но ви задава и обврски. Да ви дадам пример:

- Правото кое го добивате од општествената организација е слободно да се движите, да имате блиски интеракции со други припадници на истата организација, да се групирате, и други слични активности за кои општествената организација ви овозможила услови, како на вас, така и на сите останати припадници на организацијата.

- Обврските кои морате да ги исполните, бидејќи сите ги имаме истите права, се да бидете целосно здрави, да не бидете закана за здравјето на оние со намален имунитет или со хронични здравствени проблеми, зошто вие не сте повредни и побитни од тие луѓе чија генетика не е толку силна како вашата. Колективното здравје, особено од вакви ретардирани болести, најчесто се прави со креирање на имунитет на стадо преку имунизација од истите тие болести.

Дали имунизацијата е вакцина, дали е апче, дали е изолација од 150 дена, тоа е небитно. Доколку вие сакате да продолжите да ги користите сите бенефити кои општеството ви ги овозможило, должни сте да гледате подалеку од својот нос и да размислите дека некој друг, или пак нечиј родител, нечие дете, нечиј близок не може да ја преброди болеста на лесен начин како што можете вие.

Ако не сакате да подлегнете на колективната имунизација и да се грижите за останатите припадници на општествената организација, вие не треба да живеете во општествена организација.

Поедноставно не знам како да ви го насликам ова.

Мене сликава што ја наслика сомнително многу ми личи на фашизам.  ;D


Искрено јас сум растргнат помеѓу потребата да работите побрзо да се завршат, и желбата да ја искоментирам ваквото зголемена јавна подршка на се повеќе присутното кршење на основни човекови права (не е само ова, но да не навлегувам сега во офтопик).

Значи без да навлегувам во анализа на ситуацијава, коментирам чисто од аспект на човекови права.
Практично излегува дека со твојов став, треба да се поништи правото на слободен избор - што е гарантирано човеково право.

Понатаму, ти зборуваш генерално а ова овде и сега е специфичен случај.
За безбедноста: Една ситуација е кога би се поминале сите безбедносни протоколи, а друга работа е кога нешто се брза (без да навлегуваме во итноста и реалните потреби за брзање) и не се докажани сите нуспојави па реално и не може да се процени дали во овој случај зборуваме за добар компримис (вакцините секогаш се компромис, но идејата е да се добар - компромис).


Државите ги тераат работите како што ги тераат, затоа што императивот на државите е економијата, не здравјето на поединците... Додека промовираш таква државно-исплатлива агенда, размисли што ако некој твој близок (скраја да е) бидне статистичка ставка во пресметките за исплатливост. Дали тогаш равенката ќе биде добра, а работите „едноставни“?


На крај, зборуваме чисто теоретски. Зоки и компанија веќе не „спасија“ од дилемата.  :D
Додека да дојдеме на ред за вакцини, тие ќе бидат поиспитани од било која друга вакцина.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
@Van 👏 👏 👏 Одлично кажано. Цел текст.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Она кога државата (читај луѓето) ти била понапредна (читај пописмена) во 1995 година отколку во 2021.

Бјонтек развива лекови против рак ама на Мице од свирипичино, кој не знае да ја изрецитира азбуката, му е сомнителна вакцината.

Зини земјо индијо...
parata mora da vrti.
to e isto ko da recit nekoj ja su doktor, se zapisal na medicina samo 2 predmeti polozil, ushte studira. Kaj e lekot ?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Значи без да навлегувам во анализа на ситуацијава, коментирам чисто од аспект на човекови права.
Практично излегува дека со твојов став, треба да се поништи правото на слободен избор - што е гарантирано човеково право.

Основното право на слободен избор е „дали јас сакам да припаѓам во општествена заедница?“. Ако сакаш, правата со кои се здобиваш значат дека ти треба да сносиш и обврски. Обврските се колективен имунитет за да може да се функционира нормално, без ограничување на други слободи.

Понатаму, ти зборуваш генерално а ова овде и сега е специфичен случај.
За безбедноста: Една ситуација е кога би се поминале сите безбедносни протоколи, а друга работа е кога нешто се брза (без да навлегуваме во итноста и реалните потреби за брзање) и не се докажани сите нуспојави па реално и не може да се процени дали во овој случај зборуваме за добар компримис (вакцините секогаш се компромис, но идејата е да се добар - компромис).

Вакцините не се компромис затоа што епидемија од полио немало со години уназад. Вакцините се бенефит. Итноста не ми смета, итноста ја ценам затоа што нема да треба да се изолираме сите 20 дена доколку сме биле во контакт со инфициран. Мои блиски во 2020та поминаа 60+ дена во изолација поради контакт со инфицирани. Изгубија 16% од годината седејќи дома, без продуктивност, без многу свеж воздух и сончева светлина бидејќи државата мора да се заштити на некој начин во отсуство на вакцини. Пак ќе кажам, вакцините, па и избрзаните за конкретнава болест, се бенефит.

Државите ги тераат работите како што ги тераат, затоа што императивот на државите е економијата, не здравјето на поединците... Додека промовираш таква државно-исплатлива агенда, размисли што ако некој твој близок (скраја да е) бидне статистичка ставка во пресметките за исплатливост. Дали тогаш равенката ќе биде добра, а работите „едноставни“?

Имаше една ликуша на Инстаграм, се смееше на 95% ефикасноста на вакцините. Ако вакцините ги примат сите ранливи категории, и само 5% од нив не развијат имунитет, драстично ќе се смали бројката на смртни случаи (80% биле со хронични болести според Министерство за здравство).

На крај, зборуваме чисто теоретски. Зоки и компанија веќе не „спасија“ од дилемата.  :D
Додека да дојдеме на ред за вакцини, тие ќе бидат поиспитани од било која друга вакцина.

Тоа е веќе друга тема, политика не обожавам да дискутирам. Таму никогаш 2+2 не е 4, иако таа теорија порано беше резервирана само за економијата.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Ова е наменето за сите луѓе, особено за тие против вакцинација:

Вие сте одлучиле да живеете во општествена организација која ви дава права, но ви задава и обврски. Да ви дадам пример:

- Правото кое го добивате од општествената организација е слободно да се движите, да имате блиски интеракции со други припадници на истата организација, да се групирате, и други слични активности за кои општествената организација ви овозможила услови, како на вас, така и на сите останати припадници на организацијата.

- Обврските кои морате да ги исполните, бидејќи сите ги имаме истите права, се да бидете целосно здрави, да не бидете закана за здравјето на оние со намален имунитет или со хронични здравствени проблеми, зошто вие не сте повредни и побитни од тие луѓе чија генетика не е толку силна како вашата. Колективното здравје, особено од вакви ретардирани болести, најчесто се прави со креирање на имунитет на стадо преку имунизација од истите тие болести.

Дали имунизацијата е вакцина, дали е апче, дали е изолација од 150 дена, тоа е небитно. Доколку вие сакате да продолжите да ги користите сите бенефити кои општеството ви ги овозможило, должни сте да гледате подалеку од својот нос и да размислите дека некој друг, или пак нечиј родител, нечие дете, нечиј близок не може да ја преброди болеста на лесен начин како што можете вие.

Ако не сакате да подлегнете на колективната имунизација и да се грижите за останатите припадници на општествената организација, вие не треба да живеете во општествена организација.

Поедноставно не знам како да ви го насликам ова.

Мене сликава што ја наслика сомнително многу ми личи на фашизам.  ;D


Искрено јас сум растргнат помеѓу потребата да работите побрзо да се завршат, и желбата да ја искоментирам ваквото зголемена јавна подршка на се повеќе присутното кршење на основни човекови права (не е само ова, но да не навлегувам сега во офтопик).

Значи без да навлегувам во анализа на ситуацијава, коментирам чисто од аспект на човекови права.
Практично излегува дека со твојов став, треба да се поништи правото на слободен избор - што е гарантирано човеково право.

Понатаму, ти зборуваш генерално а ова овде и сега е специфичен случај.
За безбедноста: Една ситуација е кога би се поминале сите безбедносни протоколи, а друга работа е кога нешто се брза (без да навлегуваме во итноста и реалните потреби за брзање) и не се докажани сите нуспојави па реално и не може да се процени дали во овој случај зборуваме за добар компримис (вакцините секогаш се компромис, но идејата е да се добар - компромис).


Државите ги тераат работите како што ги тераат, затоа што императивот на државите е економијата, не здравјето на поединците... Додека промовираш таква државно-исплатлива агенда, размисли што ако некој твој близок (скраја да е) бидне статистичка ставка во пресметките за исплатливост. Дали тогаш равенката ќе биде добра, а работите „едноставни“?


На крај, зборуваме чисто теоретски. Зоки и компанија веќе не „спасија“ од дилемата.  :D
Додека да дојдеме на ред за вакцини, тие ќе бидат поиспитани од било која друга вакцина.
abe nekad se slagame so mislenjava dasibish. :D
плус ја не побарав никакви посебни слободи, а и сега ни е абрането да се групираме. Уште ко сме биле организирани во ордии сме имале право на групирање и на слободно движење, после е наметнато ограничувањето.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Мои блиски во 2020та поминаа 60+ дена во изолација поради контакт со инфицирани. Изгубија 16% од годината седејќи домада ти кажам право мене ич не ми сметаше што си поминав 21 ден со семејството. и уште 40 да ме затвореа немаше проблем да ми биде.
За ними може било, не велам не.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Вакцините биле фашистички, а тоа дома што дремеше заклучен топ мерка беше.