Ова е наменето за сите луѓе, особено за тие против вакцинација:
Вие сте одлучиле да живеете во општествена организација која ви дава права, но ви задава и обврски. Да ви дадам пример:
- Правото кое го добивате од општествената организација е слободно да се движите, да имате блиски интеракции со други припадници на истата организација, да се групирате, и други слични активности за кои општествената организација ви овозможила услови, како на вас, така и на сите останати припадници на организацијата.
- Обврските кои морате да ги исполните, бидејќи сите ги имаме истите права, се да бидете целосно здрави, да не бидете закана за здравјето на оние со намален имунитет или со хронични здравствени проблеми, зошто вие не сте повредни и побитни од тие луѓе чија генетика не е толку силна како вашата. Колективното здравје, особено од вакви ретардирани болести, најчесто се прави со креирање на имунитет на стадо преку имунизација од истите тие болести.
Дали имунизацијата е вакцина, дали е апче, дали е изолација од 150 дена, тоа е небитно. Доколку вие сакате да продолжите да ги користите сите бенефити кои општеството ви ги овозможило, должни сте да гледате подалеку од својот нос и да размислите дека некој друг, или пак нечиј родител, нечие дете, нечиј близок не може да ја преброди болеста на лесен начин како што можете вие.
Ако не сакате да подлегнете на колективната имунизација и да се грижите за останатите припадници на општествената организација, вие не треба да живеете во општествена организација.
Поедноставно не знам како да ви го насликам ова.