Јас еве од саботата седам дома со симптоми на настинка само, течење и пржење на нос имав.
На работа бидејки имаме пар души што се позитивни меѓу кој и јас со нив сум имал контакти (јас цело време со маска, дел од тие кога носат, кога не, или пак ги носат неправилно)
По препорака на матичната еве оваа недела ја отседив дома од две причини:
Прво да не појавам симптоми на корона.
Второ, бидејки имунитетот кај носот е ослабен, а на работа имаме случаеви на позитивни, да се заштитам дополнително бидејки при ослабен имунитет кај носот, и мала количина на вирус може да биде штетна.
Лани исто во овој период ме фати настинка со течење нос и си земав 3 дена боловање бидејки од 8 часа, 7 ипол ќе ги поминам во кивање и бришење нос, солзење очи.
Јас бирам секогаш да си отседам дома и да заздравам. Тоа ако одам болен на работа никој нема да ми каже фала ниту да го има во предвид некогаш да го цени во иднина.
А тоа што нема да замени колега, тоа е како што реков, ринташ ко коњ, остануваш прекувремено, те тера и викенди да работиш, гледаат дека си ја свиткал кичмата и затоа нема никогаш да има замена за тебе.
Газдата нека му ја мисли во такви ситуации, а јас секогаш здравјето ќе си го гледам.
Ако станеш работонеспособен, одма ќе добиеш шут карта.