Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1983850 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6707
Антибиотици се даваат при вирусна инфекција поради можност да се појави секундарна бактериска. Таа можност е реална. Али да, факт е дека безпотребно се препишуваат антибитоици во голем дел случаи.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7405
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Не знам од шо беше болна жената, поентата ми беше антибиотици така рефус му даде чоекот, за тебе ко ќе ти требаат не можиш да најдиш.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22381
Aнусот на порталите за клик: Mарт - Ноември 2020.




Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Не знам од шо беше болна жената, поентата ми беше антибиотици така рефус му даде чоекот, за тебе ко ќе ти требаат не можиш да најдиш.
Мене ова ми е малку нејасно антибиотиците би требало да се земаат само на рецепт но не и слободно.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7405
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Па 5 на рецепт, и уште 9 „гратис“.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2074
Додека ја чекав една флегма ваптека, 14 апој му даде Доксициклин антибиотици, 5 му беа препишани ама му даде аптекарот вишок „да му се најдат“. Гарант и таа по две денот лапаше после.
Аааа убави се тие, од зелените, особено за црниот дроб :)

D-r Ordevski


Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Opel Astra 2.0 DI
Како врвиш друже ? Други симптоми освен темп. ? чим си 5 ти ден се надевам дека е прикрај заразата ?
До кај 5тиот ден беше онака грозно како грип да те фатило силата ти се одзема, потоа на 5 от ден кренав температура и изгубив вкус за храната како трат да јадиш, тогаш го уклучија сумамедот и земав крв ми испитаа.Сега е подобро полека се опоравувам ....

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
Држи се друже, се надевам дека ќе помине брзо.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Како врвиш друже ? Други симптоми освен темп. ? чим си 5 ти ден се надевам дека е прикрај заразата ?
До кај 5тиот ден беше онака грозно како грип да те фатило силата ти се одзема, потоа на 5 от ден кренав температура и изгубив вкус за храната како трат да јадиш, тогаш го уклучија сумамедот и земав крв ми испитаа.Сега е подобро полека се опоравувам ....

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk
Ова да ти се случеше лани во овој период?

Истите симптоми ги имаше еден колега кон крајот на Јануари, се влечкаше со кашлици цел месец, му препишаа и Сумамед. Грипот сакаше да ме цивне и мене, но поминав евтино, со неколку кесички Фервекс :)
Во горе, доле истиот период, пријателка на сопругата со истите симптоми завршила во болница со пневмонија.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Не знам дали некој сега се сеќава ама во текот на Јануари низ Македонија а и пошироко хараше едно гадно грипиште кое доведе до тоа да се прогласи епидемија во Војводина и привремено да се прекине наставата. Во тој период тоа го дефинираја како потешка форма на грип. Короната почнаја да ја дефинираат дури во март месец кога и пристигнаја тестовите за корона. Особено беше симптоматичен случајот на мајката и синот кои починаја од корона во Велес. Имаше непоклопување околу тоа кога настапила смртта, полицијата тврдеше дека починале подоцна додека судска медицина тврдеше дека починале многу пред да се открие првиот пациент.
« Последно менување: 06 Ноември 2020, 10:26:07 am darkomic »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Како врвиш друже ? Други симптоми освен темп. ? чим си 5 ти ден се надевам дека е прикрај заразата ?
До кај 5тиот ден беше онака грозно како грип да те фатило силата ти се одзема, потоа на 5 от ден кренав температура и изгубив вкус за храната како трат да јадиш, тогаш го уклучија сумамедот и земав крв ми испитаа.Сега е подобро полека се опоравувам ....

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk


Ајде уште малце, му се гледа крајот.
Darkomi, Mikius,
Лани исто така еден месец грлото ме чепкаше, не натибиотици, не витамини, џабе, со јака дезинфекција ми понмина, сега со тест сум + и е аосем поразлично, и кај сите е поразлично, мене прво темп. ме фати па тек денес изгубив мирис (вкус осечќам, ама не како што тееба). Многу е не предвидливо, може одеднаш да те стегне. Далеку е поопасно за дијабетичари, луѓе што одат на дијализа, или што имаат проблеми со плуѓата. Не дека грипот не е лош за споменатите, но (статистички) е 10 пати по не смртонсен.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
До луѓето е другари тоа е, еден куп луѓе има што имаат симптоми а шетаат низ град по цел ден. За жал поголемиот дел од народов во Македонија си мисли само за себе затоа и до ова дереџе сме дојдени.
Остај тоа, кријат контакти. Да прошетал, да го виделе, тој мажиште бил ништо не му било. Што ќе земит на душа некој друг немат врска.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
И јас го имав „грипот“ во февруари, кој имаше исти, идентични симптоми со Ковид-19. Откако почнаа луѓе да се разболуваат, си ги поврзав точките :)

Да ги опишам фазите:

1. Имав прејака главоболка со траење од 2 и нешто денови.
2. Почна да ме боли грлото, траеше 2 дена, па како што олабавуваше грлото, транзитираше во следната фаза
3. Кренав температура, 37.7-38.3, ме држеше 4 дена, мислејќи дека е обичен грип лапав Парацетамоли на секои 4 саати за да можам да функционирам. Јас храбар одев на работа 3 дена, третиот ден навечер тргнав да одам по болници во Скопје - ме шитнаа сите, не сум бил за кај нив (од 8-септември ме пратија во Букурешт, од Букурешт ме пратија во 8-септември, јас бела мачка не гледав пред очи).
Собрав парталите, заминав во Гостивар кај што одма ме примија, прегледаа и препишаа инфузија и 6 инјекции (не знам што имаше внатре).
4. Како што ги примав последните 2 инјекции, почна кашлањето кое ме држеше 3 недели, и онакво кашлање како да треба парче бел дроб да искашлам. Беше гужва на работа па решив да не продолжам со испитувања и доктори, и на нозе го поминав кашлањето.

После фаза па се до крај на кашлањето имав болки во зглобови, намалена енергија, се заморував полесно...

Мање више корона во најава :)
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7270
Јас храбар одев на работа 3 дена

Ова е најголемата грешка што воопшто се прави.
Без разлика што сега е корона или што и да е веќе, секогаш кога ќе појавите симптоми на настинка, грип, треба да се седи дома.

Како прво, си помагаш самиот себе си, не трошиш беспотребно енергија која веќе и ја немаш за борење против инфекцијата, туку ја трошиш и за нормално функционирање, а не можеш да функционираш нормално.

Второ, ги штитиш останатите да не ја шириш инфекцијата.

Трето, ако одите болни и утепани без никаква енергија на работа, мислите дека придонесувате нешто плус во тие денови ?
Ќе ви дадат благодарница што сте оделе на работа а притоа сте партал болни ?

Секогаш тој што е болен треба да се тргне од работно место и да се врати назад кога ќе заздрави.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
До луѓето е другари тоа е, еден куп луѓе има што имаат симптоми а шетаат низ град по цел ден. За жал поголемиот дел од народов во Македонија си мисли само за себе затоа и до ова дереџе сме дојдени.
Остај тоа, кријат контакти. Да прошетал, да го виделе, тој мажиште бил ништо не му било. Што ќе земит на душа некој друг немат врска.
Останува на нашата свест и совест. Ако се сомневаш дека си заразен, ако имаш симптоми кои укажуваат на корона, оди на лекар а потоа седи дома и извести ги сите што ги знаеш дека нема да излегуваш од дома додека не оздравиш. Ако си имал контакт со заразен седи дома и чекај две недели дали ќе ти се појават некакви сипмтоми. Многу е глупо луѓе што трчаат одма по доктори откако ќе разберат дека имале контакт со некој што се разболел од корона. Па фрлаат пари по тестирања или се колкаат со секакви апови и витамини иако немаат ама баш никакви симптоми. Да одиш да се тестираш за корона а да немаш никакви симптоми, сем ако не планираш да патуваш, не само што е глупост туку и постои можност баш таму да ја собереш короната. Инаку следење на контакти на 900 и повеќе заразени на дневно ниво е тотално неизводливо и ако некој тоа тврди дека го работи не му верувајте - ве лаже.