Децо, дали сакате хаос? Бидејќи вака се добива хаос.
https://galama.club/2020/08/18/filipche-poveke-nema-da-ima-kontrolni-testirana-vo-makedonija-poznato-i-kako-ke-se-odviva-nastavata/
По позитивните искуства на МАНУ и препораките на СЗО, повеќе нема да бидат потребни контролни тестирања. Оние кои ќе бидат позитивни а без симптоми ќе бидат во изолација 10 дена, додека оние со симптоми ќе бидат 20 дена. Да повторам, нема да има контролни тестови и по истекот на деновите ќе бидат ослободени.
Зошто мислиш дека ќе има хаос? Досега е покажано дека асимптоматските се „чисти“ после 10 дена, а оние со симптоми се „чисти“ после 20дена. Зошто да мора да има 2 негативни тестови, кога во 99% од случаите, јасно е дека ќе бидат негативни тие тестови и само на трошок да се ставаат луѓето. Сите други правила важат: Ако си позитивен, одиш во изолација, ако ти згусти идеш на инфективна. Све е исто, само нема малтретирање со „два негативни тестови, после 20 дена“.
Не знам што направиле МАНУ до сега. Само плата земаат за џабе така да од таму ниту едно мислење не ми е меродавно.
Уште помалку за вирусов.

Кога сите земји калкулираа со бројките кај нас дали се пумпаа или беа реални не знам ама требаше и нашиве нешто да направат.
Одамна во ЕУ тестовите не се меродавни затоа што имало милион случаи кога 2-3 пати некој е негативен, а постхумно се добива позитивен. И кај нас имавме неколку вакви случаи. Кафиќи отворени, дискотеки се изнагледавме, дневна-ноќна шема, а школите онлајн да поради вирусот. Е како вирусов само на школо напаѓа?

Кај имаме проблем со вирус, плус некој прави математики одредени дејности да функционираат, другите нека станат борци за човекови права.
Од таа причина и земјава е на црвена листа подолго време и нормално никој не може да се врати кај фамилијата. За нас има изолација од 14 дена, епа немам 5 стана да се поделиме или да плаќам 300-500 за две недели да бидам изолиран. И такви бизниси тераат во ЕУ за изолацијата, наместо туризам му доаѓа тоа.
