Може не е најсоодветната тема, ама е поврзана со здравје така да - Да препорачате некој дерматолог низ Скопјево? Си имам проблеми со првут / псоријаза на скалпот од косата, малку генетско, малку на стресна база.
Јас би ти ги препорачал ВИВИ Дерм, они се од Св.Јован црквата на удолничката прево во слепото уличе од десна страна, лево е некоја амбасада или резиденција.
Малиот имаше егзема он го среди, мене и жена ми исто за секој проблем што сме го имале ни наоѓал решение.
Вања Битољану се вика докторот, млад дечко ама одличен доктор, работат заедно со жена му и поделени се кој за која проблематика си е.