Може не е најсоодветната тема, ама е поврзана со здравје така да - Да препорачате некој дерматолог низ Скопјево? Си имам проблеми со првут / псоријаза на скалпот од косата, малку генетско, малку на стресна база.
Да раскажам едно искуство со креми/дерматолози/хомеопати бла бла
Поглемиот кога направи 3 месеци на лицето му се појави атописки дерматит. Генетски сме немале никој, освен што имаме светла кожа. Проблеми со алергии никакви.
Сагата почна. Мислења од 2-3 доктори дека тоа е, останува да се види самиот организам како ќе се избори понатака. Дерматитот му се појави само на образите и под брадата. Торзо, раце, нозе немаше. Откако воспстави дијагнозата, третманот беше кортико. Ефект за 2 дена, дерматите се повлекува, по прекин на терапија, поврторно се појавува.
Некој им го уврте у глава на жена ми за хомеопати. ЈБГ сум чул дека некои луѓе се задоволни, лично имам негативно мислење околу целата работа и реков имаш макс 1 месец ако не се оправи, веќе вакви срања до крај на живот не сакам да чујам. Нормално, ни тоа не помогна, дури одмогна местото како уште повеќе да збукна. Мубаетот на жената што препишува „требало да го исфрли од себе“. Единствено нешто што му помогна беше морскиот воздух.
Читајки на нет, дојдов до надрилекарот Скендер. Читав од позитивни искуства до муабети дека става кортико во кремите. Во ситуација да немам избор, овој пат јас решив да го пробам тоа. Ја купив кремата од него, најпрвин намачкав на моето лице и почекав еден ден за секој случај. Лицето ми беше ок, немаше некои несакани ефекти па решив на малиот да му ставам. Лицето негово за 3 дена значително се смири, на послениот 5 ден се исчисти и веќе НИКОГАШ НЕ СЕ ПОЈАВИ. Тоа веќе е 3,3 години.
Откако ќе им кажеш на некои „дерматолози“ за ова, повеќето се со муабетот од погоре „ама тој става коритико“. Можеби, ќе им одговорев, но јас веќе имав претходно користено и пак се појавуваше. Само еден се заинтересира, ме замоли да му дадам примерок да ја испита. Откако ја испитал ми потврди дека нема жива во неа (честа појава за креми од надрилекари) додека за кортико ми рече дека има многу видови и треба мн реагенси. Нормално и реков да не се замара бидејќи кортико веќе сме пробале и повторно се појавувало.
Знам случај на колешка каде малата случајно откриле дека и е на мувла од влага. Она ми кажуваше дека на некои пријатели им било од чад од свеќи.
Муабетот клабери ми е, некогаш лекот е 5 пари и до тебе а не знаеш. Не сте свесни колку пари тогаш потрошив на дерматолози, колекции од специјални креми и сл. Кремата чинеше 400/600 ден зависно од пакување.
Јас не ви велам да заборавите на дерматолози (иако нивната шема е стандард кортико+антифунгицид т.е. канестен), не ви велам дека сигурно вам ќе ви помогне, туку ете јас сум имал среќа да нешто ми помогнало иако сум бил краен скептик.
Човекот има креми за разно-разни кожни работи, ако некој си има мака нека си ја проба среќата, секако на ваша одговорност.