Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1613004 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Во меѓувреме  црквата користи една лажичка за причеста...and they are not afraid to use it.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Па дека се забранија, еве денес се намале бројката ...107 заразени ..реално 19 од 20 луѓе што сум ги прочитал по интернет се против вакво екстремно забранување на движењето и дека не е воопшто од корист. И во право се, ама не се тие професори, нормален народ кој сведочел огромни гужви поради срањето од закон.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Ама па ко ќе размислам кој копук народ сме да,  во право  си.
Тоа е тоа, затоа имаме вакви мерки какви што имаме. Уште кога ги распуштија школи и факултети кога се згнаа младинава по кафичи да кисне, јасно беше дека ќе одиме у колективен притвор.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Па дека се забранија, еве денес се намале бројката ...107 заразени ..реално 19 од 20 луѓе што сум ги прочитал по интернет се против вакво екстремно забранување на движењето и дека не е воопшто од корист. И во право се, ама не се тие професори, нормален народ кој сведочел огромни гужви поради срањето од закон.

Мoјот worldometer...


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
@Simo -  Carrier159 тежок идиотизам ако го имаат истолкувано законот во насока во која и ова е опфатено за забрането..

Ништо веќе ко не е безбедно да се  оди на риболов каде што и без короната социјалната дистанца е на километар меѓу друг човек ако го има воопшто,  тогаш останува в црква да се причестиме  слушам не фаќала короната таму од иста лажица :D
Побарај дозвола за движење до таму и назад. Ако ти дадат- терај си. За земјоделци со имот надвор од домот даваа дозволи.

Ама треба да извадиш, а не сам да си кинисаш.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Па дека се забранија, еве денес се намале бројката ...107 заразени ..реално 19 од 20 луѓе што сум ги прочитал по интернет се против вакво екстремно забранување на движењето и дека не е воопшто од корист. И во право се, ама не се тие професори, нормален народ кој сведочел огромни гужви поради срањето од закон.
Бројките се поразителни, за жал и сметам дека веќе тргната е работата на полошо. Гледате како почна во Дебар, среќа го средија за брзо време, па сега во Куманово ама тоа не е Дебар многу поголем град и неможе туку така да го затворат без реперкусии. Читав имало 4000 кумановци кои што работат во Скопје и секојдневно идат на работа.

Најголемиот проблем во сево ова не се ниту постапките на народот кој што да бидеме реални не е многу едуциран и поради тоа придонесува за многу голем број на инфицирани за брзо време. Тоа укажува дека луѓево се шетаат по маркети, по гости итн. и не се замараат многу, едноставно свеста кај значителен број на населението е на многу ниско ниво (хинт-сингилиќ).

Најголемиот проблем всушност е многу малата бројка на тестирање. Кај мене во летонија која што има идентичен број на жители (околу 2мил) досега се тестирани 33.000 жители додека таа бројка во македонија е околу 10.000. Дневно се прават околу 1000-1500 теста дневно во последно време со по десетина позитивни а во МК мислам максимумот беше 600 теста што е многу поразително. Мора многу повеќе да се тестира за да се пронајдат веднаш лицата што се позитивни и да се стават под карантин а не да се шетаат надвор, да идат на работа, да ги инфицираат и најблиските дома. Само преку повеќе тестирање ќе се добијат вистинските одговори и многу побрзо ќе може да се лоцираат локации/средини каде што вирусот ќе може да се стави под контрола.

Ова се полицискиов час е ОК до некаде ама ефектот мислам дека нема да има смисла после празников. За први мај ќе мора да се стават рестрикции како на пример не смее да се излезе од градот/селото во кој што живееш. Барем на тој начин вирусот нема да се шири од еден во друг град.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
бројкиве што растат деновиве може и да е од почнувањето на ограничувањето за движење во одредени саати, кога многу луѓе во помал временски интервал влагаат во маркет и слично. Куманово пред 2 недели го затворија пред викенд, кога во 16 часот јавија дека од вечерта од 19ч до понеделник до 5 часот нема искачање, и сите се упатија кон маркетите. Следнава недела две јас би очекувал да растат бројките, баш поради полицискиов час и се поголемите рестрикции. А за менталитетот, можеби сега беше време за европеизација преку едукација, опоменување на оние кои ги прекршуваат препораките за групирање, ама требаше да ја извадат цела полиција и војска и да е присутна секаде, и да опоменува и едуцира, без да се воведува полициски час и ограничување. И не дека не е возможно, не се сите неразумни и без памет, а кога ќе видат и ќе бидат подучени како треба, и они ќе го следат позитивниот пример од другите. Но, тоа е, друга стратегија се избра, да видиме како ќе заврши.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Ќе заврши со попис на само милион жители ;D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
ќе заштедат и на тоа, помалце обрасци, помалце луѓе на терен или ако е електронски, помалце простор на диск :)
се зезам, ама со меркиве во МК не се зезаат изгледа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Ќе заврши со попис на само милион жители ;D
Сега ТАМАН е време за попис. Точно ќе се види колку народ има во МК реално и каква е распределбата на етникумите.

Идеално време со затворени граници да неможе еден ист човек да се вбројува во 3-4 држави и тоа по 3-4 пати во секоја држава. Односно да се брои за 10-16 луѓе наместо за 1.


Јапан прогласи вонредна состојба.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
1. Натерај ги сите да се бутаат по маркети поради глупи мерки.
2. Кажувај дека се непослушни дебили, дур луѓе пишуваат на секаде “за овој народов само вака“, а народот нема друг избор освен ова.
3. ????????
4. Профит

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Ковид-19 – Зошто повеќе заразени има на богатиот запад отколку на сиромашниот исток.

Постојат неколку причини што поранешните социјалистички земји се драстично помалку заразени со вирусот Ковид-19. Иако тие имаат многу помалку пари и лекари по глава на жител, овој пат, се чини, пресуди стариот систем на јавно здравство, граѓанската дисциплина и брзата реакција на државата.

За разлика од развиените земји како Италија, Соединетите држави и Велика Британија, земјите од поранешниот источен блок беа побрзи во спроведувањето на мерки за изолација и социјална оддалеченост веќе кога се случија првите случаи на инфекција, пренесува Еурактив.

Од Запад доаѓаат слики од преполни болници или масовни гробници, како онаа на островот Харт во Њујорк, сцени за кои многумина мислеа дека никогаш повеќе нема да ги видиме откако ќе завршат војните.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, до 11 април, на милион луѓе во Шпанија починале 350 граѓани како резултат на Ковид-19, Италија 322, Белгија 314, Франција 202, Велика Британија 145. За разлика од тоа, Романија загуби 15 лица на милион жители. Република Чешка пет Словачка 0,4.

Земјите од Источна и Централна Европа имаат посиромашни здравствени системи и се борат со недостаток на медицински персонал. Наметнувањето ригорозни мерки за изолација на лидерите на овие земји беше единствениот излез.

Велика Британија не прогласи целосна изолација до 24 март, кога веќе имаше повеќе од 8000 заразени и над 400 смртни случаи. Од друга страна, Чешка ги затвори своите училишта и граници уште на 12 март, а не поминаа ниту две недели од првиот потврден случај. Словачка прогласи вонредна состојба истиот ден и во тој момент тие имаа 21 регистриран случај на корона вирус во земјата.

Следниот ден Полска воведе иста мерка. Во тој момент, тие имаа 17 пациенти. Тие затворија граници, барови и ресторани. Овие земји исто така беа првите што започнаа со воведување на следење на граѓаните преку апликации и мобилни телефони, за што сè уште се преговара на Запад.

Денот кога Прага прогласи изолација, британскиот премиер Борис Џонсон им соопшти на своите граѓани дека можат слободно да одат на спортски настани, а два дена порано, американскиот претседател Доналд Трамп им рече на Американците дека САД се подготвени и дека „вирусот ќе се смири и ќе си замине“.

Во развиените земји, водачите избегнуваат карантин заради загриженоста за економијата, а нивните жители во голема мерка ги прекршија мерките за социјална оддалеченост, така што видовме преполни метроа, луѓе кои уживаат во париските паркови и активности на отворено.

„Жителите на Централна и Источна Европа сè уште се навикнати да ги слушаат одлуките на државниот апарат, властите, а тоа е особено важно во кризи. Мерките за ограничување беа донесени брзо и без многу размислување. Како втора причина, јас секако би ги истакнала разликите помеѓу системите за јавно здравје. Имено, кога започна глобалниот проект за вакцинирање во 1950-тите, токму земјите од Централна и Источна Европа имаа најголема корист од тоа“, објаснува д-р Дагмар Радин, универзитетски професор која изучува здравствени системи.

Според неа, тогаш во тие делови се развил систем на јавно здравје, кој лесно може да се толкува како „јавното здравје на прво место“.

„Здравствените системи на овие земји имаат инфериорна инфраструктура во однос на оние од Западот, каде многу повеќе се инвестира во здравството, но под различна максима. Овде „индивидуалното здравје доаѓа прво“, објаснува Радин.

Земјите кои ја укинаа вакцинацијата за БСГ, која се користи против туберкулоза, се потешко погодени од оние кои сè уште ја користат, покажуваат прелиминарните студии.

Главниот автор на студијата, Гонзало Отазу, доцент на њујоршкиот институт за технологија, го забележа ова во случајот со Јапонија.

„Вакцината БСГ не само што обезбедува заштита од бактерии на туберкулоза, туку е ефикасна и против други инфекции на белите дробови“, објаснува Отазу.

Тој како пример ги наведува Источна и Западна Германија – поранешната ДДР има трипати помалку случаи. Тој, исто така, ги споредува и Потругалија и Шпанија. Вакцинацијата е задолжителна во Португалија, додека во Шпанија не е така. Според населението, Португалија има многу помалку заразени.

БСГ е стар лек, наречен “Bacillus Calmette-Guerin”. Првпат беше користен во 1921 година и стана широко користен по Втората светска војна кога се отворија големи специјални болници за третман на туберкулоза.

Богатите земји, меѓу кои и САД и Италија препорачуваат само вакцина против БСГ на групи под ризик, додека Германија, Шпанија, Франција, Иран и Велика Британија ја отфрлија вакцината БСГ пред една деценија. Во поранешните социјалистички земји таа сè уште е задолжителна.

https://www.alsat-m.tv/mk/%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B4-19-%D0%B7%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%BC%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%BE/

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9228
И мене бројката од куманово ми се поклопи со периодот кога направија викенд седење дома. Исто очекувајте и за Скопје за некој ден да почне. Нема ден а да нема огромни гужви од кога 16:00 е полициски час

А можеше да се изигра паметно.

Ова па со црквите немам коментар.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Ама па ко ќе размислам кој копук народ сме да,  во право  си.
Тоа е тоа, затоа имаме вакви мерки какви што имаме. Уште кога ги распуштија школи и факултети кога се згнаа младинава по кафичи да кисне, јасно беше дека ќе одиме у колективен притвор.
Иднината на Македонија ! :( До некаде ширењето страв и параноја е оправдано.

Во меѓувреме  црквата користи една лажичка за причеста...and they are not afraid to use it.
Го дезинфекцираат со алкохол лајчето.
Короната е таму, може да ве фати...строго низ шуми и природа шетала..
Можи волкот ќе те сачека :D
Во право си, ама луѓе си праеа журки и збиранки на водно, викедници... По мое тоа придонесе да се воведе таква мерка.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Ковид-19 – Зошто повеќе заразени има на богатиот запад отколку на сиромашниот исток.

Постојат неколку причини што поранешните социјалистички земји се драстично помалку заразени со вирусот Ковид-19. Иако тие имаат многу помалку пари и лекари по глава на жител, овој пат, се чини, пресуди стариот систем на јавно здравство, граѓанската дисциплина и брзата реакција на државата.

За разлика од развиените земји како Италија, Соединетите држави и Велика Британија, земјите од поранешниот источен блок беа побрзи во спроведувањето на мерки за изолација и социјална оддалеченост веќе кога се случија првите случаи на инфекција, пренесува Еурактив.

Од Запад доаѓаат слики од преполни болници или масовни гробници, како онаа на островот Харт во Њујорк, сцени за кои многумина мислеа дека никогаш повеќе нема да ги видиме откако ќе завршат војните.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, до 11 април, на милион луѓе во Шпанија починале 350 граѓани како резултат на Ковид-19, Италија 322, Белгија 314, Франција 202, Велика Британија 145. За разлика од тоа, Романија загуби 15 лица на милион жители. Република Чешка пет Словачка 0,4.

Земјите од Источна и Централна Европа имаат посиромашни здравствени системи и се борат со недостаток на медицински персонал. Наметнувањето ригорозни мерки за изолација на лидерите на овие земји беше единствениот излез.

Велика Британија не прогласи целосна изолација до 24 март, кога веќе имаше повеќе од 8000 заразени и над 400 смртни случаи. Од друга страна, Чешка ги затвори своите училишта и граници уште на 12 март, а не поминаа ниту две недели од првиот потврден случај. Словачка прогласи вонредна состојба истиот ден и во тој момент тие имаа 21 регистриран случај на корона вирус во земјата.

Следниот ден Полска воведе иста мерка. Во тој момент, тие имаа 17 пациенти. Тие затворија граници, барови и ресторани. Овие земји исто така беа првите што започнаа со воведување на следење на граѓаните преку апликации и мобилни телефони, за што сè уште се преговара на Запад.

Денот кога Прага прогласи изолација, британскиот премиер Борис Џонсон им соопшти на своите граѓани дека можат слободно да одат на спортски настани, а два дена порано, американскиот претседател Доналд Трамп им рече на Американците дека САД се подготвени и дека „вирусот ќе се смири и ќе си замине“.

Во развиените земји, водачите избегнуваат карантин заради загриженоста за економијата, а нивните жители во голема мерка ги прекршија мерките за социјална оддалеченост, така што видовме преполни метроа, луѓе кои уживаат во париските паркови и активности на отворено.

„Жителите на Централна и Источна Европа сè уште се навикнати да ги слушаат одлуките на државниот апарат, властите, а тоа е особено важно во кризи. Мерките за ограничување беа донесени брзо и без многу размислување. Како втора причина, јас секако би ги истакнала разликите помеѓу системите за јавно здравје. Имено, кога започна глобалниот проект за вакцинирање во 1950-тите, токму земјите од Централна и Источна Европа имаа најголема корист од тоа“, објаснува д-р Дагмар Радин, универзитетски професор која изучува здравствени системи.

Според неа, тогаш во тие делови се развил систем на јавно здравје, кој лесно може да се толкува како „јавното здравје на прво место“.

„Здравствените системи на овие земји имаат инфериорна инфраструктура во однос на оние од Западот, каде многу повеќе се инвестира во здравството, но под различна максима. Овде „индивидуалното здравје доаѓа прво“, објаснува Радин.

Земјите кои ја укинаа вакцинацијата за БСГ, која се користи против туберкулоза, се потешко погодени од оние кои сè уште ја користат, покажуваат прелиминарните студии.

Главниот автор на студијата, Гонзало Отазу, доцент на њујоршкиот институт за технологија, го забележа ова во случајот со Јапонија.

„Вакцината БСГ не само што обезбедува заштита од бактерии на туберкулоза, туку е ефикасна и против други инфекции на белите дробови“, објаснува Отазу.

Тој како пример ги наведува Источна и Западна Германија – поранешната ДДР има трипати помалку случаи. Тој, исто така, ги споредува и Потругалија и Шпанија. Вакцинацијата е задолжителна во Португалија, додека во Шпанија не е така. Според населението, Португалија има многу помалку заразени.

БСГ е стар лек, наречен “Bacillus Calmette-Guerin”. Првпат беше користен во 1921 година и стана широко користен по Втората светска војна кога се отворија големи специјални болници за третман на туберкулоза.

Богатите земји, меѓу кои и САД и Италија препорачуваат само вакцина против БСГ на групи под ризик, додека Германија, Шпанија, Франција, Иран и Велика Британија ја отфрлија вакцината БСГ пред една деценија. Во поранешните социјалистички земји таа сè уште е задолжителна.

https://www.alsat-m.tv/mk/%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B4-19-%D0%B7%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%BC%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%BE/
Скратено во пола реченица:
"Затоа што богатите покасно воведуваат карантини плашејќи се за својата економија."