@Simo - Carrier159Mногу интересна
симулација. Како што авторот и самиот кажа, симулирање на вистинско општество е многу сложена задача (со безброј параметри) ама во видеото секако се покриваат основните работи, симулацијата е реален показател за тоа што се случува во различни сценарија.
Пошто мнозинството нема да погледаат повеќе од минута од видеото (ако и толку), еве ги заклучоците:
- карантин и само изолација драстично влијаат да се намали брзината на заразувањето, и со тоа нема да се оптерети здравствениот систем (со премногу пациенти наеднаш во болниците) и многу повеќе луѓе ќе успеат да преживеат
- делумно применување на мерките, делумно или малку помага, мора целосно да се спроведуваат мерките за добри резултати
- централни локации како супермаркети, автобуси, болници, итн, го зголемуваат R0 (заразноста) за неколку пати
- ако/кога мерките ќе се запрат/намалат следува вториот бран на заразување
На крај, за тие што не можат да разберат зошто посмртоносните болести како ебола се помалку опасни и на крај убиваат значително помалку луѓе - нека го погледаат барем само овој дел:
https://youtu.be/gxAaO2rsdIs?t=551 ...Веднаш потоа е објаснето случувањето со новиот коронавирус, асимптоматично заразување заради што следува брзо ширење, иако малкумина имаат тешки последици сепак толку многу се заболени што на крај умираат многу луѓе, всушност многу повеќе одошто може да убие вирус како Ебола.
П.С. Авторот на видеото има дарба за едноставно објаснување и визуелзијација на работите, еве сега гледам други видеа од него.