Луки, не знам за подобра реакција. За мене реакциите за заштита на сопствените држави и заштита на националните интереси се многу нормални реакции. Навистина зарем постои подобра реакција? Јас мислам дека не, освен со уште поригорозни мерки од досегашните.
Пораката на текстот е дека сентиментот досега беше „работење на национални интереси е лошо“. Сега во пракса излегува дека тоа е единствената нормална реакција.
Брат ти е во Њујорк?
Да, таму работи и живее. NYC отиде курбан, сеа морнарицата и националната гарда ќе го спасуваат додека еден месец мајмунот се заебаваше на прес-конференции.
Пак ќе повторам, сите работи во текстот земени како анегдоти и индивидуални настани се точни. Затоа што не се измислени од авторите на оваа веб страница, туку се земени како фрагменти од новинарски статии. Но се земени инцидентно за да потврдат нечија поента.
Ако некој ја разбирал пораката “работење на национални интереси е лошо“ во контекст на ЕУ, а особено тој човек е новинар, политичар, премиер, пратеник, директор, лајач и гомнојадец воопшто не е за верување, ниту пак работи во духот на економска соработка и ко-егзистенција, туку е некакво пиунче со нечија друга агенда. Ама во ера на демократија everything is a fair game.
Сите држави во ЕУ ден денешен си ги штитат внатрешните интереси (дури и пред оваа гомното од вирус). Зошто има толку многу исклучоци во тие европските директиви? На пример, се донесува директива за некојси земјоделски производ. Прво нешто што прават германците, французите, шпанците, холанѓаните, швеѓаните е да поднесат и изгласат некоја вратичка за да не важи директивата за нив. И најчесто успеваат во тоа. На секој чекор има заштитени работи што не потпаѓаат под самата директива.
Нашите источноевропски мајмуни што веќе се во ЕУ, а и ние мајмуните што не сме во ЕУ знаеш што правиме? Уклучиме google translate и во скратена постапка го гласаме за десет минути. Без да знаеме што значи тоа за нас и какво влијание ќе има врз нас самите. После, кога ќе не удри по главата, наеднаш Европа е курва, ние такво нешто никогаш не сме гласале, никогаш не сме сакале да биде така. Во таа заедница има доволно место, простор, финансии и помош да си тераш национална агенда, додека го запазуваш духот на европските вредности и активно работиш на наоѓање дупки во нивните регулативи за да си го зачуваш сопственото национално богатство и потенцијал. Најважно, не забораваш да го користиш единствениот европски пазар за да си ја унапредуваш сопствената економија. Конкретно за ситуацијата, Германија е единствена од големите земји членки што може сама да произведува респиратори. Ги произведуваат и ги прерасределуваат за сите ЕУ земји. За помалку од две недели ги удвоија леглата за интензивна нега во државата. Сите болници кои имаат резерви ќе примаат пациенти од други ЕУ земји. Армијата ги отвори болниците за цивили. Сите фабрики што произведуваат медицинска техника произведуваат само за ЕУ држави. Бош направи нова методологија за тестирање и имаат капацитет да го зголемат производството на околу 300-400к тестови неделно. Ќе ги достават на сите ЕУ држави. ЕЦБ им откупи околу 750 милијарди долг на Италија. Истото ќе го направат и за Шпанија и Португалија. Границите во ЕУ се колку-толку отворени за проток на луѓе. Транспортот тече некако во вондредни услови.
Сите овие нешта се случуваат во рок на три недели. 20 дена. Поразлична и подобра реакција во целиов овој хаос не знам дали и може да се направи. Ако сум искрен, тоа што се случува во Италија и Шпанија е затоа што и двете се “цигански“ држави и шашав менталитет. Кафиња, аперитиво, тапас, барови, бакнежи, гушкања, никој не слушаше препораки, властите им се мешаат во приватниот живот, нив куршум не ги бие, се е тоа лага и измама, Кинезите се далеку од нас. Во Италија во февруари затворија школи, сите отидоа групно на скијање во Австрија, Франција, Северна Италија, Швајцарија. Истото беше и во Шпанија. Истото беше и кај нас во Македонија. Во Германија требаше Меркел да излезе на телевизија, за да се свестат (малку од малку) и во Германија. Во Холандија исто, требаше Руте да излезе на телевизија за да ја сфатат ситуацијата за озбилно. И за крај, ќе помине оваа гомно од вирус. Некои од тие што прават самоизолација ќе преживеат. Некои што не им е гајле исто ќе преживеат. На крај тие што ќе отидат курбан, ќе влезат во статистиката и тоа е тоа. Ние може да го дрвиме до недоглед, ама на секој од нас ни е мил животот.