Не, затоа што едните на другите не им испорачале маски и респираторни машини. И дека одма ги затвориле границите.
Многу глупи претпоставки се направени во целата статија.
ЕУ е политичко економска унија, а не е медицинска унија. Со тоа политичкиот аспект добро го организираа, границите се затворени за да не патуваат луѓе, а не за да не се праќаат ресурси.
Ресурси не се праќаат затоа што никој ги нема, не затоа што ги чуваат од другите.
Кревети по по болници нема затоа што не е возможно да имаш болници што може да згрижат 100% од населението. Само Јапонија моментално има најголем капацитет за ова мислам 1.5% од населението може да го хоспитализира. Во моменталната ситуација е нелогично да се праќаат пациенти затоа што уште не знаат колку пациенти ќе имаат сите земји. За некој месец кога ќе се добие појасна слика ќе почнат да се праќаат пациенти по други земји.
Италијанциве што очекуваат ЕУ да им помогне? Пари во овој случај не можат да помогнат, политички договори исто не може да помогнат. Ресурсите што се потребни моментално ги нема и мора да се произведат.
Тоа како се справуваат земјите со ситуацијава дали со ограничувања на движење или со групен имунитет пак нема никаква врска со ЕУ.
Вучич не знам што очекувал дека ќе се случи кога ќе побара помош од ЕУ кога Себија не е член и нормално дека прво членките ќе се снаоѓаат меѓу себе. На толку лижење гз на Русија ова беше изненадување веројатно само за некој со IQ 1. Ќе видиме Кина што ќе им помогне.
the Spanish government asked NATO for help in acquiring 1.5 million face masks and 450,000 respirators.
Ова е уште покомично, сите респиратори од светот да им ги испратат што постојат.
Ќе се види ЕУ на дело кога ќе дојде време за контрола на економската ситуација.