Ако не се почитува мислењето на докторите не гледам зошто се почитуваат меркиве како полицискиот час. И тие да ги слушаме се appeal to authority.
Полицискиот час не е мислење. Тоа е закон. Ако не го почитуваш, ќе имаш директни последици. Мислењата на докторите се оние кои резонираат со твојот мајндсет.
На пример: мислењето на Д-р. В. Марковски е работа која може да фаќа резонанца со нечии убедувања и тие да му се воодушевуваат, или може да изберат да ги проверат фактите и да видат дека југословенската вирусологија е веќе далку надмината во развиените земји, како и фактот дека ОВОЈ корона вирус е нова работа а не од 63-ќа.
За разлика од него, Д-р Данаиловски и Д-р Микиќ имаа доста порелевантни и поиздржани излагања во нивните интервјуа без да пробаат да ја релативизираат состојбата и да ја споредуваат со број смртни случаи од лизгање во када.
Тоа се докторите на кои
ЈАС бирам да им верувам, од причина што можам да пронајдам корелација на нивните излагања со она што е објавено пред се` од Светската Здравствена Организација, како и од други релевантни здравствени и научни институции.
Глеаш? И ние лаиците им веруваме на докторите. Ама некој (оној со медиумот) да ми се повикува на авторитет и уште арогантно „да ме кара зошто не сум слушал доктори“, само затоа што „учел школо 20 години“, не.