Дали ти некогаш во животот си имал барем нај основна обука во реалност околу проблематикава. Конкретно интубирање - начин на интубирање, како се определува која цевка треба да се примени и слично. За разлика од тебе јас лично бев дел од медицинскиот тим на Џонсон Мети цели 4 години. Два пати годишно имавме дводневна обука по прва помош и тоа од нај обични преврски па се до обука за користење дефибрилатор. Плус во текот на тие 4 години имав еден куп поситни интервенции од мерење крвен притисок па се до носење на болница. И покрај тоа не се правам паметен затоа иако бев обучен да пружам прва помош не сум медицинско лице. Затоа која ти е целта на постирањево на видеово кога уште во самиот вовед е наведено дека е наменето за медицински професионалци?
Прво да кажам дека ти завидувам. На обуката. Одамна се распрашувам како да дојдам до таков „парамедик“ курс.
Второ, имам близок кој на времето имаше потреба од интубирање, па и трахетомија. Ме интересира таа тематика.
Жал ми е што ме доживуваш дека „се правам паметен“, јас едноставно сметам дека ваквите информации се интересни и за други во ова време.
Мене ми смета кога наводни авторитети излегуваат во јавност со погрешни информации.
Не ми смета што се обидуваш до го одбраниш авторитетот на Марковски, ми смета што ме напаѓаш на лична основа (демек немам медицинско образование) а целосно ги игнорираш посочените аргументи и факти за неточните изјави на Марковски. Искача дека за тебе е поважно што јас немам медицинско образование, отколку дали тоа што го посочувам е вистина, дали е вистина дека Марковски кажа неточни работи.
Зошто не прокоментираш нешто за тоа?
Или единствена дискусија за која се чувстуваш компетентен, е мене да ме етикетираш за некомпетентен?

Само едно прашање. Постираш курс кој е наменет за медицински лица - сестри, техничари, болничари и лекари. Значи за професионалци...
Затоа која ти е целта на постирањево на видеово кога уште во самиот вовед е наведено дека е наменето за медицински професионалци?
Јас со љубопитност и со интерес го одгледав видеото. Направено е убаво за и лаици да можат да го разберат (барем во основа што се прави и зошто се прави). Претпоставив дека и некој друг можеби ќе го интересира во ова време и во овие настани... Веројатно поинтересно прашање е, зошто тебе ти смета таа дискусија?
едит: Патем очигледно и Филипче се согласува дека Марковски не знае за што зборува, наводно на прес конференција објавил дека се набавле терапии со спомнатиот лек:
https://netpress.com.mk/filipche-obezbedivme-terapi-a-za-pacientite-so-koronavirus/Останува само да се види колку дози набавиле, за колку пациенти.