Битно е да се слуша зборот на научниците. Баталете ги политичарите. Додуша, и они почнаа да ги слушаат научниците во ситуацијава, што ме радува до некаде.
Битната работа е, овој вирус сместува многу повеќе луѓе по болници. Ова треба да го разберете. Не бројките, баталете ги бројките колку се заразиле колку се измкнале.. Видете ги болниците во Италија. Интензивните неги не можат глава да кренат. Ни еден грип тоа не го прави.
Замисли болнците да се спремни да примат максимум 50 луѓе со тешки респораторни проблеми. Во нормални (грипозни) ситуации, тој капацитет би бил да речеме 80% исполнет. И тогаш имаш смртност каква што имаш со грипот. Но, замислете сега (баталете ги уште еднаш бројките на заболени и измкнати), имате 80 луѓе кои „аплицираат“ за 50 болнички места. Од тие 50 што ќе легнат, ќе преживеат можеби 45, но останатите 30 што нема да легнат на болничкиот кревет, речиси сигурно умираат.
Тоа е проблемот со „преоптоварување“ на здравстениот систем во вакви ситуации. Не бројките и процентите на заболени, баталете ги бројките и процентите глобално кажани. Размислувајте малку како тоа се одразува на капацитетот на здравстениот систем. Тоа е вистинскиот проблем. Овој вирус, сместува енормно голем број пациенти на интензивна нега. Ние од 40-тина заболени имаме 2-3 пациенти на интензивна нега. кога ќе бидат 400 ќе бидат 20-30, кога ќе бидат 4000, на интензивна ќе бидат 200-300, а ќе бидат 4000-5000 кај нас, не се сомневам во тоа. Проблемот да не бидат тие во една недела. Нека бидат 4000-5000 во 1 месец, за да може болниците да се справат со болните.
Баталете ги споредбите со сезонски грип, тотално е различно. Слушајте ги научниците и докторите. Знаат што зборуваат. Не реновирајте по дома, има време за тоа.