Ниту се невалидни, нути се погрешни споредбите, ниту влијаам мерките да се неуспешни.
Необјективно и чисто мое лично мислење е дека „лабавоста“ што ја прокламираш ги наведува на невнимание тие што се помалку кадарни за размислување со своја глава (а мнозинството се такви). Така влијаеш работите да бидат полоши.
Објективно: Аргументите се јаки против тие споредби со обичниот грип. Упорно одбивате (ти и куп друг други) да разберете дека не можеш точка на почетокот на график од експоненцијална функција - да го спредуваш со цел график. Или како што се обидов да објаснам „Гледаш двајца тркачи на 1000 метри, едниот истрчал 1000 метри за 3 минути, вториот само што почнал да ги трча првите 50 метри а ти веќе прогласуваш кој е побрз.“
Новиов корона вирус ќе биде посмртоносен во услови кога нема да има медицинска нега за тие што им треба. Тоа ќе се случи кога системот ќе биде преплавен со пациенти, затоа сите мерки сега се за да се успори брзината на заразување. Сиромашните и неспремните држави ќе бидат погодени најлошо.
Дури тогаш кога ќе заврши кризата ќе можеш да споредуваш статистики со други болести и да кажеш дека обичниот грип е полош.
Ако веќе се напаѓаме, може и тебе денес некој те чита, ќе ти поверува па утре ќе ги испокупи сите рафтови на залихи од Кам или ќе се испоколе со некој за последната ролна. Не? 
Паника, јбг.
Не се напаѓаме, само дискутираме различни гледишта.
И да, тоа е валиден пример за паника. Ама тоа е и пример за потфрлање на властите, пошто во такви услови потребно е да се ограничи количината на производи по купувач. А за моето влијание за паника, нема многу да се промени ако наместо утре - прекузадутре снема тоалетна хартија (и се друго). Пошто така на крај секако ќе снема многу работи, ако брзината на заразувањето избега од контрола и системот е преплавен со болни (кон што води твојот шалабајзерски став).
Пази, не е само Здравството... Се ќе потфрли. Ако шоферите се разболат, кој ќе разнесува храна до продавниците? Ако полицајците се болни, кој ќе одржува ред и мир? Итн. Милион причини има зошто е потребен поозбилен став кон заразата и да не се залажува мнозинството дека вирусов „не е многу опасен“. Пошто повеќето толку се ретардирани да на затворени кафичи сега кафиња пијат по бензиски пумпи. Или се собираат на партиски собири, тие најретардираните.
Ова се разбира е само мое мислење, ама ете сметам дека солидно го аргументирав.
Јас на пример, откако направив нормален полумесечен шопинг, еве исто седам дома, почитувам мерки, работам од дома, си вежбам тегови, бас, али наместо ширење паника и калкулации за worst case scenarios со 150.000 мртви во МКД, си слушам Nine Inch Nails и го препорачувам Fragile албумот. 
Ти си ги наредил работите, и сега гајле ти е...

Јас тотал џим користам додека седам дома, и не можам цело време да седам дома пошто морам да идам на работа (а моментално некој ден стар одмор користам). Инаку некој ако продава зачуван орбитрек или слична справа нека пише ПП.
Патем не сум фан на Трент Резнор, во моментов во позадина иде ова:
(случајно, no pun intended)