Да не се разболи човек...
Ако се разболи, ќе почнат да го маткаат по болници, државно здравство, а оди таму затоа што и онака плаќа за тоа здравство, а нема избор да не плаќа. Во зависност од болеста, почнува голготата, тој доктор, оној доктор, па такви лекарства, онакви лекарства... состојбата на болниот не се подобрува, па следи следен доктор, па подмитување, фрлање пари за нови лекарства... на крајот приватна болница, уште еден куп пари... ама болниот има поголеми шанси да е излекуван, можеби не секогаш, ама мислам дека сепак се поголеми.
Значи изборот е или на државно со сите периптии делумно опишани погоре, или наместо подмитувања и фрлање пари по алчни доктори, да си платиш во приватна болница и да те излекуваат... затоа што на крајот од денот, здравјето е најбитно, нели...
Некој ќе го избегни приватното, затоа што нема пари (што е нормално) и ќе си го извлечи блискиот од болница мртов, па пари за гробно место, па погребни церемонии, па... лупнал повеќе пари отколку на старт да покушал во приватна болница.
Искуства од случки меѓу риднини, секако не се работеше за исти болести, ама стојам на то дека и двата случаеви да се третираа како што треба, двата пациенти ќе беа сеуште живи, не само еден како во случајов, тој на приватно што се обрати и тој е жив...
Е сега има уште една страна на приказнава. Во приватна болница ако дојди некој тежок случај, тие го праќаат на државно... за таму да умри, за да не и се пиши случајот на приватната, да и се намали рејтингот...
Којзнај како да речи чоек, ама како што го почнав постот, така ќе го завршам.
Да не се разболи човек...