Паталци од ишијас- помагајте.
Ме фати околу Декември, најверојатно од премногу седење + шок на телото од преголема физичка активност се сведов на минимална (за мене).
Направив глупост, си реков треба hamstrings и кичма да вратам во форма, вежбав турбо месецов и као се осеќав по ок, но сега сфатив дека направив многу голема грешка и само ми се влоши.
Што ви помага?
Јас цела скоро цела 2018-та се заебавав со ова, имав посериозна повреда при вежбање при што имав одредено изместување во кичмата и нервот ми беше приклештен на неколку места (не знам точно кој пршлен/диск беше).Имав болки/симптоми од долниот дел на грбот, препонот, па се стапалото.
Моментално сум 99.9% од времето супер, но има периоди/моменти кога слабо, но осеќам понекогаш симптоми од повредата.
Мојата терапија се состоеше од прво исправање на изместувањето, електрична стимулација на нервниот систем, ултразвук, ласер и некои слични работи, за на крај да се заврши секој третман со долга масажа (не од оние фините

)
За време на целата терапија, откако критичното средување се заврши, со амин од лекарите одев во теретана и правев строго лесни вежби.Oва многу ми помогна за време на терапијата.Сеуште се враќам постепено од "уназадувањето" што го имав во текот на целата година, но овој пат со многу повеќе пазење и не форсирање

Секако, целото лекување/дијагноза си беше направено од медицински лица и строго го советувам истото

Сепак кај мене беше малце понезгодна повреда/ситуација, но јас не би правел ништо без консултација со соодветни медицински лица.