Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1609595 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Доктор да одговара ѕа убиство? А не го направил намерно? Фала, не треба да ми објаснуваш ништо. Цел свет глуп го напраи.
Тоа е дефиниција за убиство од немарност. Ако намерно го убил пациентот, тогаш делото е убиство со умисла - потешко кривично дело. Сето ова го има и во нашите закони. Многу лекари, доктори по медицина, имаат лежено затвор за убиство од немарност. Тоа во нормални држави каде владее законот на правото. Овде не знам некој да одговарал кривично, пошто се е корумпирано и лекарските комисии 99% од случаите не наоѓаат одговорност а во останатите 1% даваат препораки за никакви казни (го ублажуваат делото).

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Најтешко. И само за тоа може да одговара. За убиство од немарност може да одговара на улица ако го направи или ако жонглира со моторни пили над пациентот. Докторите поднесуваат заклетва и добиваат заштита з ваков тип грешка, немарност тоа не е во медицината. Заради тој момент и се нафаќаат луѓе да станат доктори и го поминуваат поголемиот дел од животот во учење. Го зимаат во предвид и стресот кој ќе го имаат и го прифаќаат, да помагаат на луѓе, да спасуваат. Ако се направи такво нешто да одговараат нема да има лекари, јас ти гарантирам. Затоа некој некогаш го смислил, измислил начинот на заштита на докторите. Не за џабе ги викаат бели мечки, по заштитени се од полицајците.

Ние ако ги земевме правилата и регулативите за заштита на докторите или за сообраќајот од успешните држави за други сегменти во државава Швајцарија ќе бевме. Некој тоа го направил да функционира и го користат во цел свет. Ама не ние измислуваме топла вода. Па уште и ова да го смениме, будалска работа. Дај кој ги ебе сите кај знае Швајцарска и остале што е топла вода. Дај ние ќе напрајме закон пешак ако искочи на пешачки смееш да го згазиш.


Дај еден пример кога, кој, каде  доктор лежел ѕа ваков тип на грешка.



















« Последно менување: 29 Јануари 2019, 22:01:11 pm Chlink »

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4395
Многу интересно ова заблагодарувањето на антиваксерите,а Диме на кого да каже фала?
Го кажав моето мислење и за тоа. Да не се повторувам сега. Баш ми е жал за детето на Диме.
Симо,твоето жалење нема ништо да смени,ама непревземањето на ништо од страна на стручните лица,и буткање на главата во песок дека се е ок е катастрофално.Не само за вакцинацијата,туку и за целото здравство.Жал ми е,ама јеби га,сега за детето сам грижи си се,е тоа е тоа што се дешава кога работите ќе тргнат лошо од вакцината.А да се правиме слепи на тоа што се случува,и да ги сметаме за нерелевантни исказите на родителите чии деца имале лоши последици,и само да се потпираме на студиите чија цел била да докажат дека вакцините се безбедни,подбивајќи се со мамички и слични глупости,без да се бара да се даде точна дијагноза зашто се случило тоа,за мене е неразбирливо и неможам никако да поминам преку тоа.Во моментов го слушам копуков Филипче,и кажа кој ќе ја сноси одговорноста за заразените деца,но истото прашање треба да му се постави и за децата кои имаат проблеми од вакцините.Секако,за овие вториве сите дигаат раце,и секаква врска со вакцинацијата официјално се отфрла,неофицијално други муабети се вртат.
Симо,иако те цитирав,не беше наменето за тебе конкретно постов.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Члинк мислам дека мешаш работи. Не зборуваме за неуспешни операции, неуспешно лекување. Зборуваме за немарност. Заборавање на ножици, памучна вата, внатре во пациент кој потоа умира од сепса. Недавање инсулин на дијабет 2 пациент, недавање антикоагуланс на пациент после зафат во состојба која инволвира внатрешно крварење, оставање критичен случај на слепо црево да чека надвор со сите други пациенти... Тоа е немарност. И според закон треба одговорност да се сноси за тоа. Така е во законите и сега, нема потреба да се „уведува“ тоа.

Но не е проблемот во законите, кај нас овде секогаш проблемот е спроведувањето на законите.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Сигурно е достапен   тој закон. Дај да видиме како иде. За вакво нешто не лежел доктор. Едноставно иако банални се грешките  се случуваат. мене нога ќе ми исечеа за банална грешка, да не зборам муките и болките кој ги јадев заради едноставна работа. Сакав да му ебам све за подоцна да сватам дека се случува. Јас детето го пуштив од раце за банална работа, да ме бодат во грб со нож нема да го пуштам. Ама момент, мозок, блок, рефлекс. И што? Ајде баба, јадеш 6ка во идриз бег на јашање за убиство од немарност а доктор. Па така ако било немаше никој доктор да биде. Замисли интернист коарелација со муабетов? Каков ќе му биде муабетот додека стане доктор и првата операција. Или замисли докор после 12 саати операција му доаѓа друг пациент за операција а нема кој да го оперира? Ќе види операција од доктор при такви услови. На жена ми после пораѓај и дадоа лек на кој е алергична, можеше да умре. Мис комуникација банална, да не објаснувам. Се случува и некогаш завршува трагично, тоа е.

И мене ми пукна слепо црево на операциона маса. Два дена чекав за операција. Од кај да знаат они дека ќе му пукне во чекална. И јас чекав ред.


Ги имаме ние ѕаконите жими стапов. Ги имаме само тие по врат што удараат.
« Последно менување: 29 Јануари 2019, 23:29:43 pm Chlink »

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Дечки олабавете малку. Во дискусијава за вакцините Ван излезе тотално во право за се што кажа, затоа повлечете се и немојте да ја браните баграва на власт со манипулаторот од министер и пропаднатото ни здравство со корумпираните и алчни доктори (секоја чест на малиот процент на чесни исклучоци).

Ван знае да биде напорен и тежок во други теми ама тука излезе морален победник. Напињајте го у други теми. Тука нема потреба.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Дај еден пример кога, кој, каде  доктор лежел ѕа ваков тип на грешка.
Добро ајде, повели и прочитај:
https://www.mdedge.com/obgyn/article/63254/practice-management/stuff-nightmares-criminal-prosecution-malpractice
Додека ги читаш текстот за судските случаи со осудени лекари, еве мал извадок:
Цитат
Benjamin may have been motivated by greed when he chose to perform an abortion on a second patient instead of attending to the patient who was bleeding to death in the corridor after an earlier procedure.
Доктор Бенџамин инаку за ова (и за други дела) е осуден со казна доживотен затвор со мининум 25 години пред можност за барање помилување.
Цитат
Benjamin was indicted for second-degree murder after a grand jury found “depraved indifference to human life.” He was tried, convicted, and sentenced to imprisonment for 25 years to life.

Не го дочитав цело ова, можеби има и поблатантни примери во текстот.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Дечки олабавете малку. Во дискусијава за вакцините Ван излезе тотално во право за се што кажа, затоа повлечете се и немојте да ја браните баграва на власт со манипулаторот од министер и пропаднатото ни здравство со корумпираните и алчни доктори (секоја чест на малиот процент на чесни исклучоци).

Ван знае да биде напорен и тежок во други теми ама тука излезе морален победник. Напињајте го у други теми. Тука нема потреба.
Точно од збор до збор плус ван се бори против кУмуЊарА која има пуштено корења насекаде.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Drugi bea tie na koj im  tekna zadolzitelni vakcini i privatno zdravstvo. Ne bese кУмуЊарА-ta...

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Дечки олабавете малку. Во дискусијава за вакцините Ван излезе тотално во право за се што кажа, затоа повлечете се и немојте да ја браните баграва на власт со манипулаторот од министер и пропаднатото ни здравство со корумпираните и алчни доктори (секоја чест на малиот процент на чесни исклучоци).

Ван знае да биде напорен и тежок во други теми ама тука излезе морален победник. Напињајте го у други теми. Тука нема потреба.
Ван единствено што кажа е дека здравството е катастрофа (мислам кој верува деке не е?!) и кажа дека имало вакцини за привилегирани и за обични смртници (ова се вика народски кажано мрсење муда). Е сега сами вие можете да си проценте колку Ван е во право  , нели Ван?  :)

Иначе, бек ту д топик

https://www.press24.mk/mz-lazhna-vest-e-deka-pochinala-zhena-od-slepo-crevo-na-klinichki-centar-bidejkji-nemalo-sloboden

Цитат
Министерството за здравство ја известува јавноста дека информацијата пласирана од порталот „Скопјеинфо“ под наслов „Скопјанка починала од слепо црево - немало слободен кревет во клинички“ е лажна вест и новинарски апсолутно не коректно и тенденциозно пренесено, соопштуваат од Министерството за здравство.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Дај еден пример кога, кој, каде  доктор лежел ѕа ваков тип на грешка.
Добро ајде, повели и прочитај:
https://www.mdedge.com/obgyn/article/63254/practice-management/stuff-nightmares-criminal-prosecution-malpractice
Додека ги читаш текстот за судските случаи со осудени лекари, еве мал извадок:
Цитат
Benjamin may have been motivated by greed when he chose to perform an abortion on a second patient instead of attending to the patient who was bleeding to death in the corridor after an earlier procedure.
Доктор Бенџамин инаку за ова (и за други дела) е осуден со казна доживотен затвор со мининум 25 години пред можност за барање помилување.
Цитат
Benjamin was indicted for second-degree murder after a grand jury found “depraved indifference to human life.” He was tried, convicted, and sentenced to imprisonment for 25 years to life.

Не го дочитав цело ова, можеби има и поблатантни примери во текстот.

Па ова е тоа што ти го зборев, одговараат за најтешко дело. Ние зборуваме за многу комплексни случаеви и процедури  кои не ни ги ни знаеме/разбираме. Овој доктор можеби бил селективно предупредуван и свесен за тоа што се случувало и го докажале тоа. Можно е и да земал мито или да го саботирал пациентот намерно. Доктор може и да каже дека не се чуствува добро во моментот за таков тип на операција и да не ја прави ама па овој правел абортус. Па тука имаш ти докази испитувања мал милион на такви судења. Грешки од таков тип како што ги збориме, заборавање гази, ножици, давање погрешен или воопшто недавање правилен третман неможеш ни да замислиш колку се чести. Во најлош случај каде немало свеснот доктори губат работа и им се одзимаат лиценци.

Ти ми викаш заборавиле третман да дадат на пациент: Се случува. Еве нешто у брзо време од небитен момент што гледав да видиш доктор како објаснува за грешки кои се прават во многу софистицирана болница во Њујорк.



Па ти кажувам. За пациентката со слепо црево има многу моменти. Не е дека доаѓаш во болница оп слепо црево брзо операциона сала. Не иде тоа така. Имаш од до. Јас кога имав проблем со слепо црево отидов на хитна. Имав незамисливи болки, ја мавав главата од ѕид дома. Слепо црево воспалување не значи дека ќе треба операција, некогаш поминува. Слепо црево воспаление се покажува сериозноста и преку крв. Мене ми земаа крв и додека ги чекавме резултатите ме прегледуваеше хард кор стар доктор на допир. Ме стиска и се врти кон татко ми и му вика патрљак, патрљак... Јас препорачувам хитна операција. Се посрав, не знаев дека патрљак е слепо црево. Кога стигнаа резултатите не покажуваа хитност. Докторот пак тврдеше од искуство дека треба операција. Вика мене ми имаат умрено вака пациенти не зборам на памет. Значи комплексно е. Ја чекав два дена на основ на резултатите и среќа на операциона маса ми пукнало слепото црево. Па сум повеќе сечен, затоа што кога пука слепо црево мора да те исперат.


Значи има низа случувања. Ја не го бранам здрвствотото ама сум на страна на докторите. Доктор што не направил грешка да му умре пациент не е доктор, нема искуство. Јас би ги затворил тие од Штип што пиеле и им умре трудница ама нив мислам дека само им беа одземени лицнците а беа судени мислам не сум сигурен. Значи повторно и тука имало низа ситуации. Немој да мислиш дека ако свесно ја оставиле да умре немало да ги осудат.

Јас влегувам во дискусии не за да докажам дека сум паметен и да испаднам во право. Што те гледам од повеќе места тебе тие е како поента. Туку влегувам во дискусија и полемизирам за нешто што сум стекнал со животно искуство и имам поставено дефинирано мислење. Точно влегувам со цврсто бранење на ставовите ама тоа е затоа шт не ги фејкам, се додека не добијам соодветни факти или по логично изграден став за темата. И тоа со надеж дека нема да испаднам во право, тоа ми е најдобитната комбинација, затоа што ако се случи тоа ќе си признаам дека сум грешка и од моментот ќе бидам за малку по паметен, ќе научам во тој момент нешто повеќе. Јас многу пати сум признавал дека сум во грешка и можам да ти го докажам тоа. Ти мислам дека немаш тука никогаш признаено дека грешиш што самото е погубно по тебе за да влезе некој во дискусија. Никогаш нема да признаеш и кога ќе немаш логичност ќе го разводнуваш муабетот.

Линкот што го приложи како факт е многу погрешен. Затоа што јавноста општо многу малку знае за деталите во таа ситуација. Приложено е што се случило, умрел пациент, докторот наместо тој пациент правел абостурт. Осуден 25 год. Толку има меѓу работи кој највероватно никаде нема да ги најдеш во издадена форма каде навлагаат во срж на случувањата.


Јас можам сеуште да ти докажувам, имам материјал но ќе те оставам на некој си начин да бидеш ти во право затоа што знам дека никаде нема да води муабетот. И ништо битно нема да произлезе нити да научиме.

 
« Последно менување: 30 Јануари 2019, 10:15:35 am Chlink »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Самобендисано е да декларираш дека никој ништо немало да научи од дискусијата, само пошто ти самиот си одлучил да не научиш ништо од кажаното.

Твое право е да сметаш дека е во ред да чекаш два дена за операција која е итна. Твој живот - твое право. Дури и да одлучиш да се убиеш (скраја да е), пак е тоа е твое право. Но тоа што не е твое право - е да му кажуваш на некој друг дека е во ред да УМРЕ затоа што некој кретен одлучил дека итната операција не е толку итна како временски некритичните операции на разни врскаџии или митаџии кои му мушнале пари во џебот... Токму како примерот кој го посочив, каде докторот си правел абортус (кој се наплаќа) додека во ходникот умирал пациент од крварење (ама таа интервенција не се наплаќа). Епа риалити чек: Тој доктор е осуден на доживотен затвор. Прочитај, убаво ги пишува сите податоци за судскиот случај.

ОК е за себе да кажуваш. Твое право е да одбереш да бидеш жртва. Биди си жртва, ама немаш право да проповедаш на другите дека и треба да бидат како тебе. Тоа е веќе не е во ред.

И кога кажуваш дека си на страна на докторите - знај дека не си. ЈАС СУМ ТОЈ ШТО Е НА СТРАНА НА ДОКТОРИТЕ. Јас сакам да имаат добри услови за работа, затоа и го критикувам системот. Ти сакаш идиотите меѓу докторите да не одговараат за грешките со што ги омаловажуваш и саботираш тие доктори кои чесно и одговорно си ја работат работата. Го браниш системот со сите негови илјадници маани... Мисли си ти што сакаш, но јас се обложувам дека мнозинството овде (а и ти заедно со нас) при имање право на избор - никој од нас не би отишол на „лечење“ кај доктор што потврдено прави грешки од немарност, доктор чии пациенти умираат без потреба и без оправдување.


Линкот што го приложи како факт е многу погрешен. Затоа што јавноста општо многу малку знае за деталите во таа ситуација.
Содржината од линкот е една од многу такви. Само во тој линк се опишани повеќе такви случаи со доктори осудени на затвор, а во спомнатиот случај казната не е 25 годони затвор - казната е доживотен затвор со мининум 25 години пред можност за барање помилување.

Сакаш и други примери?
Нема проблем, само кажи. Пошто стотици примери има - не од овде, но од таму каде што владеат правото и законите (барем за обичните смртници).


Цитат
Јас влегувам во дискусии не за да докажам дека сум паметен и да испаднам во право. Што те гледам од повеќе места тебе тие е како поента... Ти мислам дека немаш тука никогаш признаено дека грешиш што самото е погубно по тебе за да влезе некој во дискусија. Никогаш нема да признаеш и кога ќе немаш логичност ќе го разводнуваш муабетот.
Ова е твое мислење, на кое имаш право - да го имаш.
Тоа што ова погоре не е - е дека НЕ Е никаков аргумент во муабетов. Тоа што ти мислиш за мене, никако не менува дали си или не си во право за тезата која ја застапуваш во дискусијава.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Знаеме дека ти си тој Van, не мора со големи букви да ни пишуваш ок е.

Има доктори кои веќе одговарале во државава и треба да има истрага. Ама истрагата трае подолго време, не трае 2 недели.
Има милион примери и на тие што лежеле затвор, ама има и што не лежеле затоа што процената била таква. Не секогаш значи стрпај го во затвор.

И да не заборавиме, ова има голем удар и на докторот. Има уште толку примери за доктори после грешка кои извршуваат самоубиство.

Нејсе, до кај си со препораките?

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Начинот на дискусија ти е како политичар. Интелегенцијата во дискусија ја користиш како асистентите на Заев и Груевски кога ги припремаат за изјави и дебати. Одиш само на твоја страна кога толкуваш и инсинуирш на разводнување факти и логично размислување отварајќи многу прашања за широка Дискусија. Секој поставен пример го толкуваш како тебе ти одговара во моментот. Ако зборуваме за штекер скршен со тебе ќе дојдеме до Никола Тесла.

Сум одел на курсови за проценуввање на луѓе во дискусии што им е мотивациона зона и што ги носи во конфликт, што ги смиурва, фантастична ствар. СДИ. Ти си на анграмот за мотивациона зона на карактер Хаб или центар, кој ги користи сите мотивациони зони по потреба. Хабот како особина има потреба да биде во право и да му се каже тоа. Мене инструкторите на крајот од курсот ми дадоа рака и ми кажаа дека за прв пат во нивната кариера некој успел да ги погоди сите членови о сите групи во која мотивациона група припаѓаат преку банални прашања па и самиот себе што е најтешко.


Јас знам зборови и начин на дискусија што ќе те внесат во конфликт до лудило. Сум го видел тоа и професионално сум го користел. Ваквотот ниво на манипулативна дискусија со мене може да те однесе на едно најверојатно ново ниво за тебе. Немој да мислиш дека немам кондиција за дискусија, пишувам од мини тестатура блутут која не работи како треба. Можам да го земам и лаптопот во скут.


Јас како плав во анаграмот за мотивациона зона сакам да бидам корисен за сите, мотивационата зона не ми дава манипулативно да го користам знаењето. Мотивационата зона се утврдува со низа комплексни тестови така направени да неможеш да ги изманипулираш, и да знаеш што инсинуираат тестовите неможеш да ја поместиш мотивационата точка, не успеале ни инструкторите. Јас сакав да ти ја обликувам особината и да ти ја искористам интелегенцијата да добиеме нешто сите. Ама премногу конфликти на форумов не ти го дозволуваат тоа. Надмини го.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Тоа погоре може да биде интересно за луѓе од маркетинг сферата, за правење на трендови и такви работи, но е целсоно безвредно за останатите кои првенствено ги интересира решавање на проблемите во реалноста во која се живее. За мене тоа што го кажа се куп мамбо-џамбо квазипсихолошки глупости, и некои лични мислења и проценки за мене. Сето тоа се сведува на ад хоминем, зборуваш за мене од персонален аспект додека целосно ги игнорираш сите покажани факти дека лекарите не се исклучок од правото на законот.

Јас нема да постапам реципрочно, туку ќе ја продолжам дискусијата таму каде што ти не ја продолжи, со пар факти:
- Докторите не се изземени од одговорноста на кривичните дела како немарност, и убиство од немарност.
- Факт е дека малку од нивните трансгресии резултираат со постапки за нивна одговорност, затоа што системот е корумпиран и нефукционален, комисии од лекари одлучуваат за одговорноста на колегите со кои работат. Затоа скоро никогаш никој од нив не е одоговорен за ништо, дури и кога очигледно дефакто се виновни.



edit:   :-X
Немој да мислиш дека немам кондиција за дискусија, пишувам од мини тестатура блутут која не работи како треба. Можам да го земам и лаптопот во скут.
Цитат
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
« Последно менување: 30 Јануари 2019, 12:15:54 pm Van »