Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1612514 пати)

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
што е ова?

Читање на целосната ДНА секвенца. Врз основа на присуство на одредени патогени мутации може да се предвиди веројатност или ризик за развивање на одредена состојба или патологија во иднина, одговор на лекови итн. Иднината на медицината и здравството се базира на ова- персонализирана медицина.
Не знам колку е добро ова, на здрав прав да ја направиш анализата и да видиш потоа дека за 5-6 години дека имаш 70% шанси да ти се појави некоја сериозна болест. Ќе умриш за 3 од стрес.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Добивам на тестот дека ќе живеам 100год без болест. Минам на пешачки ме гази голф. Нека си стојат парите у џеб.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Па не баш... Идејата е дека добиваш предупредување и знаеш од што да се пазиш. На пример добиваш резултат дека имаш силни генетски предиспозиции кон меланома. Паметно би било да не се сончаш, и редовно да употребуваш заштита (облека, креми) од сонце кога си надвор?
Или добиваш резултат дека имаш генетски предиспозиции кон артериосклероза па знаеш да припазиш повеќе од вообичаено на исхрана и движење, пазење на инсулин и слично. Потоа персонални информации за имуни и здравствени реакции на разни често употребувани лекови... И ова е исто така многу важно. Како да завртиш, многу корисни податоци. Служат за превенција, не за „стрес“ и паѓање во несвест.

Ова е многу прифатлива сума пари за секвенционирање на ДНК. Мене проблемот ми е друг - кој гарантира дека нема да вратат рандом податоци, дали воопшто ќе се анализираат семпловите? После некое време правиш ДНК секвенционирање кај друг вендор и резултатите се целосно различни. Што ќе правиш, и на кој резултат да му веруваш?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
kje ispitas sam :) abe tie raboti sekako treba da gi pazis, a i dnka do dnk ima nekoi 3% razlika, ali ako ti sprecat nekoja bolest navreme i 850 da se lupnis vredi.

Отсутен TheForce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Па не баш... Идејата е дека добиваш предупредување и знаеш од што да се пазиш. На пример добиваш резултат дека имаш силни генетски предиспозиции кон меланома. Паметно би било да не се сончаш, и редовно да употребуваш заштита (облека, креми) од сонце кога си надвор?
Или добиваш резултат дека имаш генетски предиспозиции кон артериосклероза па знаеш да припазиш повеќе од вообичаено на исхрана и движење, пазење на инсулин и слично. Потоа персонални информации за имуни и здравствени реакции на разни често употребувани лекови... И ова е исто така многу важно. Како да завртиш, многу корисни податоци. Служат за превенција, не за „стрес“ и паѓање во несвест.

Ова е многу прифатлива сума пари за секвенционирање на ДНК. Мене проблемот ми е друг - кој гарантира дека нема да вратат рандом податоци, дали воопшто ќе се анализираат семпловите? После некое време правиш ДНК секвенционирање кај друг вендор и резултатите се целосно различни. Што ќе правиш, и на кој резултат да му веруваш?

Го работев ова и there is no such thing as a random result.

Причината зошто е толку евтино:
1. Секвенционирањето се врши во Кина. Постојат фабрики за секвенционирање бидејќи NGS анализа е таква што потрошокот на реагенси е ист за дали ќе пуштиш една иули 40 анализи, меѓутоа за лабораторијата е поисплатливо да си ги врати парите ако пушти повеќе анализи одеднаш. Затоа скоро сите лаб во светот функционираат вака. Праќаат анализи за секвенционирање бидејќи не се исплати да купуваш секвенционатор, софтвер, реагенси итн.
2. Лаборатории ко DanteLabs или 23andMe се евтини бидејќи имаат "комерцијални" тестови што се интересни за поголемата маса (потекло, карактеристики итн.), но исто така рипортот што ти го праќаат не е најсјаен во однос на комплетно објаснување, советуање итн. И ШТО Е НАЈВАЖНО не ставаат потпис на тоа, дека стојат позади тоа што е дадено како резултат. WGS анализа како ПРЕДИКТИВНА МЕДИЦИНА (не дијагностичка) е многу етички комплексна, бидејќи се базира на веројатност, а не 100% сигурност дека ти ќе развиеш одредена болест. Чисто за споредба, нашата лабораторија е единствена во регионов што добива raw data и ги работевме резултатите и рипортот сами, со многу внимание и опширна генетска консултација. Генетската консултација со стручно лице  е најбитниот дел од вакви анализи.
3. Најверојатно заглавиле финансиски и сега се обидуваат да соберат повеќе муштерии за да дојдат на нула.4
4. Последната најниска цена во Кина што знам е 300$ за геномско секвенционирање.
5. Ја добиваш целосната raw-data што е мнооогу голема работа, бидејќи тоа ти е life-time result и факт кој како што ќе се развива науката и нови мутации ќе се откриваат, секогаш ќе може да ти биде корисен. Бидејќи го работев ова и (горе-доле) знам да си ги анализирам raw-data резултатите, баш и не ме занима колку е добар рипортот на Dante, 23andMe etc.

*се извинувам за долг пост

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Што сте се исплашиле толку?

Јадел, не јадел јагнешко, по 60 години секако си со една нога на небески пашњаци ;D упс, пасишта.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642

Зашто во минато време, каде работиш сега?

Отсутен TheForce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Зашто во минато време, каде работиш сега?

Напуштив за да одам на мастер.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Добивам на тестот дека ќе живеам 100год без болест. Минам на пешачки ме гази голф. Нека си стојат парите у џеб.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk

Може тој у колата што ќе те згази да е веган.

Ем ти у бутел, ем он у Идризово со Бајруш ќе јаде "брокула"

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
2. Лаборатории ко DanteLabs или 23andMe се евтини бидејќи имаат "комерцијални" тестови што се интересни за поголемата маса (потекло, карактеристики итн.), но исто така рипортот што ти го праќаат не е најсјаен во однос на комплетно објаснување, советуање итн. И ШТО Е НАЈВАЖНО не ставаат потпис на тоа, дека стојат позади тоа што е дадено како резултат. WGS анализа како ПРЕДИКТИВНА МЕДИЦИНА (не дијагностичка) е многу етички комплексна, бидејќи се базира на веројатност, а не 100% сигурност дека ти ќе развиеш одредена болест. Чисто за споредба, нашата лабораторија е единствена во регионов што добива raw data и ги работевме резултатите и рипортот сами, со многу внимание и опширна генетска консултација. Генетската консултација со стручно лице  е најбитниот дел од вакви анализи.

Разбирам отприлика, иако ќе треба да му посветам на ова повеќе време и внимание. Инаку веројатноста е секако важна (пошто превентивно може да се делува), но самиот геном е најважен како основа споредби (консулатации) за сегашни и идни сознанија. Дефинитивно ме интересира ова ама ќе почекам, не само што мислам дека цените ќе паѓаат во наредниве години, туку мислам дека и анализите ќе ги автоматизираат повеќе и на подобро... И веројатно ќе поевтини технологијата додека во исто време ќе стане и подобра.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Вадел ли некој од вас топчиња од масно ткиво од главата (на места кај што има коса)? Расте после коса или дупка останува? ;D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
рез се познава, ама не и дупка т.е. ако се обричиш ќелав се познава дур поднарасне косата. Еден школски се праје, ене го не се приметува.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
Се додека на искусиш на своја кожа, не може да има човек претстава како ни функционира здравството....нешто сопругата имаше проблем со осип по телото (неподнослива болка) и 2 недели ја „лечеа“ со  разни терапии (матичната и дерматолог од јавно здравство), до изнемоштеност, згора на тоа се спремаше за операција на жолчка и беше на посебен режим (тоа се одложи додека не се реши ова со осипот)...конечно отиде во Ремедика на второ мислење и и кажаа таму дека и утнале терапија (ја лечеле од хелико бактерија, а тука се сомневаат на стрептокока) и не ги извршиле сите проверки што требало, за 2 дена се потсмири, односно не напредува осипот, престана да ја боли и сега мора нови тестови да прави по насока од докторката од Ремедика,...1300 денари беше прегледот, подобро да платиш малку повеќе, отколку на нос да ти излезе јавното здравство, само проблемот е што станува се пострашно и пострашно....секоја чест на исклучоци од јавното здравство, сум слушнал за многу позитивни примери
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
abe kako kje ti se pogodi. Na infektivno bev skoro, top se pokazaja. zena mi na geniko Gospod go vide

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
abe kako kje ti se pogodi. Na infektivno bev skoro, top se pokazaja. zena mi na geniko Gospod go vide
Тоа пак да не ти зборам, пекол преживеа, 15 часа се пораѓаше, по грешка и ставија појака доза за провокација а не беше спремна за пораѓање, па после и ставија нешто за да и се намалат контракциите, па увиделе дека го довеле во ризик бебето, со судни маки, фала му на господ заврши како што треба...после кога се слушнав со неа ми кажа дека цела ноќ имала болки во грбот, не знаела што и е, креветот крв, мислела од пораѓање и е, оно да и ги заборавиле иглите од анестезијата (епидурална), ама бидејќи немало дежурен анестезиолог, морала да чека до утредента за да и ги извадат иглите..., кога си заминуваше од ГАК, се изненадив кога отидов на шалтерот да платам и ми рекоа дека не мора ништо да платам, најверојатно за да се заташка работата....во тие моменти се чувствував толко беспомошно и безвредно затоа што не можев да и помогнам, уште имам грижа на совест