Сакаат да се напушат исто како што пијаници сакаат да се начукаат, пушачи да се начурат и кафеџии да се препијат кафе.
^^
Штетни се набројаните работи, извесно и повеќе штетни од канабисот. Алкохолот посебно, и посебно во големи количини. И цигарите се заебан отров, и имаат една од најголемите хемиски зависности (после кокаин и хероини). Туку друг е муабетот, не знам зошто постојано се врти муабетот кон рекреативна употреба а темата е медицинската употреба.
И сега некое истраќување ќе ми каже јаглехидратите вака, јаглехидратите онака. Благе везе немат. Никој ни 50% сигурен околу ракот нити како се заболува нити како се лечи. Само мора да се пише нешто и да се истражува што е сосем во ред.
Така де Бајсикл, викај на глас дека „никој не знае како настанува ракот“ и игнорирај научни студии. Така зборуваш за да немаш грижа на совест додека кркаш џанк фуд?

Инаку сега тек те разбрав дека ти
си постирал видео и сега видеото го коментираш. Го пуштив видеото, го послушав муабетот и... Прво и прво, Докторот си е човек на место и мене искрено ми се допадна. Од сам старт искрено си кажа дека во негово време не изучувале многу за ендоканабиоидниот систем во човечкиот организам. Човекот е практикувач на медицина, вработен во државниот систем. Работи со тоа со што располага и на жалост очигледно нема многу време за детално да го истражи влијанието на канабиоидите врз ракот. Тоа на страна, мене ми се допадна неговата искреност и нормалност. Да нормалност, на жалост кај многу од докторите има некоја надменост и комплекс од повисока вредност, и тешко е да се разговара со нив (абе јас студирав за ова, сега ти мене ќе ми кажуваш).
На жалост во видеото не зборуваа за начинот на кој канабиноидите влијаат врз ракот. Ова очигледно се должи на незнаење кај водителката, можеби и кај докторот но ова второто нема да го тврдам затоа што човекот воглавно одговараше на прашања (а за ова не беше прашан).
Но сеедно што тие не зборуваа, еве јас ти објаснив и ти покажав нова научна студија од 2018-та, објавена на NCBI:
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5852356/NCBI е онлајн медицинска научна библиотека за која и докторов самиот кажа дека има неспорно реноме и квалитет. Мислам ако го послуша повнимателно што зборува - наместо да слушаш само тоа што сакаш да го слушнеш, како на пример дека денешните цитостатици се на база на екстракти од билки, што не е никаква основа за поголема безбедност. Пошто најсилните отрови се на база на екстракти од билки, факт.
Начинот на кој канабиноидите влијаат врз ракот е преку стимулирање на организмот самиот да се бори против ракот - со аутофагија и апоптоза. Ракот всушност често и настанува заради недостаток на аутофагија и апоптоза, кои не се дешаваат заради неправилна исхрана, богата со шеќери и други јагленохидрати.
Да не објаснувам, еве повеќе и за апоптоза и аутофагија на нашки, за тие што не разбираат англиски:
https://mk.wikipedia.org/wiki/Апоптозаhttps://sr.wikipedia.org/wiki/Аутофагијакако што разбрав поентата на хемотерапија е да ги ништи т.е. да ги разлага или да ги труе клетките на рак, притоа да е безбедна за нормалните клетки, а не да го стимулира организмот да ги ништи...
Хемотерапија нема шанси да е „безбедна“ за нормалните клетки, но ете се зема како помало зло (во однос на дејството на канцерот). Проблемот е што треба многу персонално да се припреми терапијата за секој посебен пациент. Што не се прави добро.
Исто така се игнорираат многу важни аспекти како исхраната, која е еден од појдовните фактори за генезата на ракот и еден од главните моменти кои влијаат врз развојот на ракот. Имаш научни студии кои јасно кажуваат за шеќерите (кои се јагленхидрат, добро утро), дека значајно го убрзуваат развојот на ракот.
Ова го пишувам за да стои на некој ако му притреба. Не ти го пишувам стриктно тебе Бајсикл, пошто ти или веќе си го разбрал, или немаш намера когнитивно да го анализираш, но сеедно од која причина - само лошо тролаш.