На сред улица може да застане, да соблече панталони и да се боцка во препони.
Возиш со колата, му свириш, не те рецка 2% додека не си заврши работа.
Имаше сега пред некој ден граѓански собир, претставник од кабинетот на Кисела Вода имаше кој вети дека од 1 декември немало веќе да има зависници иако надлежен за здравствена установа меѓу кој и оваа за наркозависници е Министерство за здравство и ако они не одобрат дислокација, џабе ветување од градоначалник.
Тие што живеат одма до болницата им е хаос. Тој фарбарот што е Миле, кај него пред порта еден куп шприцеви. Еден ден му пукнал филмот, ги собрал сите шприцеви и пред влез на болница ги исфрлил.
Исто така еден ден приметил еден се надрогирал ама саглам, и потоа во кола седел да се освести малку, па си заминал возејќи. Го пријавил во полиција, кажал и таблица, објаснил ситуација дека тоа лице вози под дејство на наркотици, џабе полицијава рекла не сме надлежни, ништо не им можеме.
И да, тоа што си го забележал денеска, така е секој ден. Навечер нема зависници, но шприцевите се тука, расфрлани насекаде.